Јавна дебата во општинската зграда во Кавадарци, секој граѓанин добредојден

Граѓаните на општина Кавадарци си го направија своето: испратија јасна кристално чиста порака до надлежните дека спортските (кошаркарските) терени при спортскиот центар “Јасмин” во Кавадарци треба да бидат наменети за спорт и рекреација и ништо повеќе.

Јавните и отворени дебати, петициите, разговорите со граѓаните, видео спотот во кој учествуваа еминентни спортски кавадаречки личности како и граѓани од општина Кавадарци, даваат посебно значење и тежина на самиот проект.Граѓаните упорни и истрајни во позитивен исход од конечната разврска.

Инспирирани од горенаведеното, здружението на граѓани “Проект-Еу” ве поканува вас, граѓаните од општина Кавадарци, да присуствувате на последната дебата од овој проект и да ја дадете својата поддршка за истиот. Дебатата ќе се одржи на вистинското место за една јавна расправа од ваков карактер а тоа е салата при општинската зграда во Кавадарци. Дебатата е денес, 17.декември (среда) со почеток од 19 часот.

Како и претходната така и за оваа дебата писмени покани за присуство се испратени до најрелевантните персони кои го имаат претпоследниот збор, а тоа се советниците од советот на општина Кавадарци. Нивната желба и отчет кон граѓаните може да влијае да конечната разрешница од оваа дебата и да вроди со позитивен исход. 

Покани за присуство се испратени и до претседателката на совет на општина Кавадарци, Горица Пеливанова Вилхелм, како и до градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.