Дебата: Солидарноста и поддршката меѓу граѓаните во Македонија

 Дебатата беше испровоцирана од резултатите од анкетата спроведена од страна Реактор.

Дебата беше поделена на два дела. Во првиот, каде што се зборуваше за солидарноста и поддршката во Македонија, теми за дискусија беа:

  1. Колку луѓето си помагаат?
  2. Дали граѓаните се поддржуваат и имаат меѓусебна доверба?
  3. Солидарност меѓу граѓанските организации

На оваа прва панел дискусија, воведничари беа Душко Христов- Банка за храна, Џабир Дерала од Цивил – Центар за слобода и Горан Геориев од Сојузот на извидници.

Во вториот дел се дискутираше околу тоа колкаво е влијанието на граѓаните/граѓанските организации врз политичките одлуки и локалните прашања.

Теми за дискусија беа:

  1. Соработка на граѓанските организации со институциите на локално ниво
  2. Вклученост на граѓаните во решавање на локалните прашања
  3. Јазот меѓу младите и институциите
  4. Дали граѓаните се вклучуваат во граѓански иницијативи?

Воведничари во овој дел беа Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, Никола Писарев од Центарот за соврмена уметност и Иван Јованов – Младите можат.

Беше отворена дискусија на која учество земаа скоро сите претставници од граѓанските организации и притоа беа изнесени неколку и идеи и предлози.


Created with flickr slideshow.

Leave a Reply

Your email address will not be published.