David Albahari: Се враќам во Белград

Само ја отворам вратата.


После четириесет години книжевна работа во кои стана синоним за приказни и раскажување, Дејвид Албахари се врати на својот почеток. Од Канада, која е негов втор дом веќе 19 години, допатува во Нови Сад да ја прими наградата “Милован Видаковиќ” на седмиот меѓународен фестивал за проза. После тоа оди на ужичкиот фестивал.


Не дојдов со празни раце. Две нови книги со приказни ќе им дадам на новосадскиот издавач “Волшебна Книга” бидејќи тоа ме враќа на самиот почеток, кога моите книги беа објавувани во српска Матица – кажува во интервју авторот на три книги есеи, десетина збирки приказни и 14 романи.


Како напредува вашито нов роман?


Напишав околу две третини, треба наскоро да биде готов. Но на книжевниците не треба да имс е верува на зборот. Ние даваме ветување како мајстори. Велиме дека ќе го завршиме кречењето до петок, а нема да биде готово ни за две недели. Во мојот случај, ќе поминат барем уште три месеци.


Велите дека романот е приказна за времето после студенстките демонстрации во Белград 1968 година.


Дејствието се случува во касарна во Бањалука, каде некои луѓе кои припажаат на некоја организација се во потрега на некој водач на студентски немири три дена и се обидуваат со него да ги расчистат сметките.


Што ве поттикна да се задлабочите во таа, сепак, нетипична тема за вашето творештво?


Ме поттикна реченицата која некаде ја прочитав, дека некој во некоја дискусија спомнал како тоа бил првиот голем бунт против комунистичкото уредување на земјата, а тоа е потполно неточно. Тогашните протестанти не се бунтувале против комунизмот туку против начинот на кој комунизмот функционира. И кога се појавил Тито и ветувал дека ќе ги исполни сите студентски барања, тие во тој момент заирале оро во дворот на Филозофскиот факултет.


Денес ги има малку оние кои признаваат дека биле дел од тоа оро…


За мене е тоа фалсификување на историјата. Бидејќи тоа бил значаен, отворен бунт против системот. Зошто денес би го претворале во нешто друго што всушност не бил? Власта многу брзо по прекинот на протестите расчистила со лидерите, ги отстранила професорите кои ги подржувале студентите.


Дали сте го задржале манирот да не се поставувате во улога на арбитер?


Да. Улогата на писателот најдобро ја илустрира насловот на еден стар британски филм “Јас сум камера”. Мојата задача е да забележам се што ќе видам, но не верувам дека како писател во било која смисла сум поспособен од другите во тумачење на настаните. Затоа најмногу сакам да останам површен, да ги прикажам работите онака како што јас и моите ликови ги гледаме. Само ја отворам вратата.


Во просек, еднаш годишно доаѓате од Канада во Србија. Како ви изгледаме од година во година?


Мене секогаш ми изгледа дека промените се на добро, а луѓето ме уверуваат дека е споротивно. На една работа никогаш не можам доволно да се начудам: на секогаш присутниот оптимизам и вербата дека сепак еднаш ќе биде подобро, иако никој не знае кога.


Како гледате на нашите стремежи кон Европската Унија?


Сакам да бидеме дел од Европа, бидејќи ние припаѓаме таму не само географски туку и затоа што европската историја е незамислива без српските подрачја во кои низ векови живееле Срби.


Вашиот Земун влезе во вашите текстови како живо суштество, како главен јунак…


Тоа беше неминовно. Во првите приказни мојот татко и јас, мајка ми и сестра ми шетаме покрај моќниот Дунав кој од Земун прави она пто е. За мене тоа е град во кој секогаш сум се прикрадувал. Убаво е чувството кога сте некаде далеку, се враќате во својот град и веќе на првиот чекор имате чувство дека никогаш не сте ни заминале.


Сонувате ли за конечно враќање?


На тоа работам со пријателот и колега Душко Петричиќ, кој исто така одлучи, после дваесетина години во Канада, да се врати во Белград. Ние направивме договор дека ќе се пензионираме заедно, и ќе шетаме по Дунав и ќе играме шах.


СЕЦЕСИОНИЗАМ
Овие денови се најдовте сред нови тензии, сецесионистички приказни на релација Белград – Нови Сад?


Спремен сум да застапувам само едно сецесионистичко движење, а тоа е нешто што би се викало “Заедничка асоцијација на општина Земун”. Само на тој “сецесионизам” би се сложил, а се друго ми изгледа тотално непотребно.


НИКАДЕ КАКО КАЈ НАС


Во Канада напишав многу книги, бидејќи таму немам развиен друштвен и кафански живот како тука. Таму, во роковникот забележувате дека за две недели ќе се најдете на кафе со пријател. Тука никогаш не знаете кога на врата ќе ви затропа некој кој дошол на кафе, ручек или на преноќување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.