Дали ќе се менува Уставот?

“Историјата на нацијата се состои од она што го памети, но и од она што го заборава“ – Јавор Сидеров.

Датум: 05.06.2011 година, Република Македонија на тест. Како институционално така и народно. Закажани се Предвремени Парламентарни Избори, и тоа втори предвремени парламентарни избори во низа. Институционално Република Македонија потфрли. Имаше голем број на нерегуларности на самиот ден на изборите, но на крај сепак опозицијата го призна изборниот резултат, и со тоа и даде полн легитимитет на Владата на Груевски. Што значи, резултатот од вторите по ред предвремени парламентарни избори заврши во корист на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. ВМРО ДПМНЕ освоија 56 пратеника, СДСМ освои 42 пратеника или 18 пратеника повеќе од претходниот изборен циклус. ДУИ освои 15 пратеника, ДПА освои 8 пратеника, а додека НДП освои 2 пратеника. Или македонското собрание вкупно го сочинуваат 123 пратеника.

2014 година: Месец на шегата и пародиите. Закажани се редовни Претседателски избори. Двајца сериозни кандидати. Стево Пендароски и Ѓорѓе Иванов. Но пародијата да биде поголема и вистината, на повидок се нови предвремени парламентарни избори. Трети по ред Предвремени Парламентарни Избори. Избори на кои ќе се оформи нова Влада, со исти ликови, со исти без(идејни) планови и насоки, Влада со иста погубна политика. Еден исти робовладател, но помалку робови, бидејќи голем број се иселени од државата. Овие предвремени парламентарни избори јас лично ги гледам како резултат на “Неработење на Владата“ или пак години кога Владата на Груевски одбива да владее и покрај тоа што ја “добива“ довербата од народот. Влада која самата си дава Оставка. Прашањата се логични.

Зошто и покрај довербата од граѓаните да владее, ВМРО ДПМНЕ до 2015 година со државата, министрите си поднесуваат оставки? Зошто не сакаат да владеат и каде ги потрошија парите во изминатите години од нивното владеење? Зошто се потрошија една грмада народни пари по Сител, Канал 5, Алфа , за да го убeдите народот дека Владата на чело со Никола Груевски работи беспрекорно, без грешки, дека оваа Влада е она кое и е потребно на Македонија, дека оваа Влада ќе ги реши проблемите на граѓаните, дека оваа Влада работи 24/7, дека коалицијата функционира беспрекорно, зошто? Зошто се овие три по ред Предвремени Парламентарни Избори? Дали после Предвремените Парламентарни Избори ќе имаме нови лица на политичката сцена? Дали ќе биде сменета министерката Гордана Јанкуловска, Зоран Ставревски, Пешевски, Коњановски, Јанакиевски,Тодоров, Бесими,Елизабета Камчевска Милевска, Диме Спасов или ќе останат истите оние кои Македонија ја туркаат во долгови, во безидејност, во изолација? Што сработија овие министри во сите години на нивното “Министерување“, што?

Дали суштината на овие нови Предвремени Парламентарни Избори се нови репресивни напади врз политичките противници, нови прогони преку медиумските спинови, нови политички затварања, нови затварања на телевизии, нови нерасветлени убиства, нов 24 Декември, нови задолжувања, непрестано спинување на афери за подобривање на политичкиот рејтинг? Или пак можеби, суштината е во новите ветувања, новите лаги? Или пак можеби е време за повторно кревање на мечот и сечење на нови глави, глави на критичарите на власта? 

Дали овие Предвремени Парламентарни Избори се чекор кон менување на Уставот на Република Македонија? Во Уставот стои јасно “ Мандатот на Владата е 4 години, по што следуваат редовни парламентарни избори“, а оваа Влада си дава оставка секоја Втора или Трета година од своето Владеење и повторно излегува на Избори за да ја освои Власта и повторно да владее.

Затоа драги мои сограѓани, мораме да се договориме во каква држава сакаме да живееме. Па потоа во таа кула од тули, истрајно и ефикасно ќе вградуваме поединечни реформи во склад со тоа кои се приоритетни цели, а кои се подалечни цели. За да се направи сето ова, потребна е широка расправа и јасен демократски капацитет на политичките елити. А тоа сега, во овој момент го немаме. Нам ни е потребен план, кој што ќе не извади од долготрајното пропаѓање и ќе не врати во насока на брзо опоравување. Според мене една од клучните работи е рушење на партиската диктатура, која што сруши се она, кое што мислевме или покушававме да направиме.

Овие Предвремени Парламентарни Избори за Груевски ги гледам како потврда за неговата лична власт, а за мене ги гледам како искра надеж да смогнеме сила да се спротиставиме на оваа погубна политика за Македонија и за сите нас.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.