Дали Груевски му ја покажува “излезната врата” на Миленко?

 Таа операција веќе започнала по објавувањето на информацијата дека делегација странски дипломати во земјава побарале и се сретнале со министерот за надворешни работи Никола Попоски, пренесува Либертас. Нему отворено му предочиле на недозволивиот говор на омраза што го употребува овој пулен на премиерот Никола Груевски во кој не се штеди вулгарно да навредува и странски дипломати.

Владеачката партија соочена со притисокот и од домашната јавност, но пред се од странците, не сакајќи и тоа да им биде проблем во релацијата, според дипломатски извори на Либертас, ветиле операција за „исчезнување“ на владиниот шоумен од медиумите. Во одбрана на Миленко, информацијата дека имало реакција од амбасадорите кај министерот Попоски за Миленко, ја објави неговата блиска пријателка, новинарката Мирка Велиновска. Таа неодамна во колумна покрај информацијата се стави на страната на Миленко и жестоко ги нападна амбасадорите.

Иаку шоуменот стана „популарен“ со неговите емисии на провладините Канал 5 телевизија и Радио Слободна Македонија, но и во колумните во кои вулгарно и недолично пишуваше за новинари и јавни личности кои се критички настроени на политиките на премиерот Груевски.

Од пред нецел месец соработката му ја откажа довчерашниот негов истомисленик, Драган Павловиќ Латас и колумните на Миленко весникот Вечер не ги објавува со образложение дека имало многу навреди и клевети на адреса на јавни личности.

Миленко пред некој ден се пожали дека од централата на Фејсбук по налог на амбасадорот Волерс му бил хакиран Фејсбук профилот, но од луѓе блиски до него се дознава дека тоа му било одбрана од операцијата за негово „тргнување“ од јавноста од страна на неговите на Илинденска број 2, за што тој станал свесен. Сепак, тој продолжува со говор на омраза и омаловажување на новинари и јавни личности кои мислат критички а ги фаворизира премиерот и неговите министри.

Изворите на Либертас од владеачката партија велат дека за нивниот рејтинг немало никакво значење дали шоуменот го има или не во медиумите.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.