Дали Гери Невил е ксенофоб?

Ваквиот начин на работа на клубовите претставува одземање на можноста англиските млади фудбалери да се пробијат во Премиер Лигата.
Во оној момент кога ќе излезете со изјава како мојата дека поголемиот број на фудбалери во англиските клубови треба да бидат од Англија или Британија, во тој момент одма ќе ве обвинат дека сте ксенофоб. Но зошто? Убаво е да видите како младите англиски фудбалери кои пораснале по трибините на своите омилени клубови навивајќи, еден ден да станат дел од клубот за кој сонувале.
Да го земам примерот со Барселона. Во клубот на Барселона играат осумина кои ги поминале сите скали во фудбалската академија на фудбалскиот клуб Барселона, и тоа е одлично.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.