Да се внимава со парацетамолот

Речиси секој втор родител на своите деца им дава парацетамол или бруфен со појавата на првите знаци за настинка и покачена температура, а според најновите истражувања со појавата на првата температура телото на детето се бори со настинката, а ако се даде парацетамол за да се снижи температурата, болеста се продолжува.

Американските педијатри ги критикувале и лекарите кои на родителите често им советувале на своите деца да им ги даваат овие лекови за симнување на температурата.

Треба да се нагласи дека температурата не е болест туку всушност е одбранбен механизам на телото кој има позитивно влијание во борбата против инфекцијата, а педијатрите советуваат најпрво да се види за колку опасна температура се работи и во случај на голема опасност да се земаат овие лекови.

Уште една од грешките на родителите е и давањето на лекови на своите деца во големи дози како за возрасни.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.