ЗНМ: Да се укине и домашниот притвор на Кежаровски

 Во соопштението меѓу другото се вели:

Здружението на новинари на Македонија е задоволно што колегата Томислав Кежаровски е ослободен од истражниот затвор Скопје и се врати во кругот на неговото семејство. Одлуката на Основниот суд Скопје 1 за замена на мерката притвор со домашен притвор претставува чекор напред кон подобрување на судската пракса на македонските судови кога одлучуваат за примената на оваа мерка.
Очекуваме Судот наскоро да ја укине и мерката домашен притвор и да донесе одлука Кежаровски да се брани од слобода.

Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин. Кежаровски со објавените текстови не се огрешил пред законот, туку открил злоупотреба на институтот заштитен сведок. Јавноста има право да биде информирана за злоупотребите на институциите што претставува највисок јавен интерес во едно демократско општество. Потсетуваме дека, согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права од Стрaзбур (ЕСЧП), затворска казна против новинар е оправдана само во случаи на говор на омраза и поттикнување на насилство.
Во случајот на Кежаровски македонските судови имаат единствена прилика да ја воведат европската судска пракса кога постапуваат за предмети поврзани со слободата на изразувањето.

Со тоа Судот ќе ја избегне опасноста овој предмет да падне пред ЕСЧП и Македонија да биде осудена за прекршување на членот 10 од Европската Конвенција за човекови права“, стои во соопштението на ЗНМ. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.