Да се претставува Кавадарци е тешка задача

Да се претставува Кавадарци е тешка задача.Тоа е задача која обврзува.

Модниот тренд на понизност кон повисокиот авторитет за се,па дури и за она што не се бара од него ги ,,гмечи,, граѓаните и градот .Но,може да биде пострашно ако се бара да го затвори тој прозор и поглед,а отвори друг кој може да биде уште пофатален и пофаличен. Поглед насочен кон сите.Тоа не е јавна сфера.Тоа СИТЕ е градоначалничкиот ,,круг,, на блиски кои со авторитетот на неговата функција доаѓаат на,, средби,,а после си играат мајтап кога не е тоа што е-градоначалник.

Тој не смее да претставува просек.Ако тоа е неговиот избор,а нема право на тоа, треба да знае дека таа(просечноста),, убива,,,а сопствениот град го прави аутсајдер.Одважноста не е мана за него и за град кој имал примат.Тој треба да се избори,добие,поврати.Нема право на понизност .Кон никого.Имаме право на почитување.Ние сме од Кавадарци.Ние сме- Кавадарци.Не е многу да се бара да биде град-фаворит.Сме биле.

Таа рутинска работа на ,,блискост,, со СИТЕ никој нема да му ја одземе на градоначалникот. Тоа е нужност.Потребна,но споредна.Таа не се заборава и нема да биде врз ничиј грб искористена или злоупотребена.Но,на неа и не треба да троши време и енергија тогаш кога е непотребно.Тоа е театар и таквата присутност е далеку од активност во ЈАВНА СФЕРА.Тоа не е близина.Со никој.Се одзема време.Нему му е потребна квалитетна дебата,која може да му биде одземена .Ако тоа го прави и посакува самиот е погубно.Во дебатата рамноправноста треба да биде загарантирана,авторитетот на функцијата заборавен,а аргументите победник.За тоа што останува(дела),за она што се гледа ,БЕЗ НЕА,со исклучена јавна сфера,вистинска, долго нема да си прости и да му биде простено.За жал,тоа што се гледа и трае.Како и срамот.

Од градоначалникот се бара повеќе од нешто што се вика ТИМ.Неговото учество без доминација е нужно.Пресврт кој изненадува, но од кој не се губи.Навидум изгледа дека е загрозена неговата политичка амбиција.Ако ја има. Таа ќе јакне и самата од себе ќе се појави и наметне неизбежно.Најопасниот лимитирачки фактор ќе биде надминат за ,,полн мандат,,.Наредниот мандат,после добиениот ако го постави како главен императив може да ја ,,убие,,секоја негова креација и ја отпише јавната сфера.Вистинската,не неговата,замислената и по негов терк правената.Откажувањето од неа става крај на сите.И за оние кои сфатиле за таквата негова ,,ориентација, и за оние кои мислат дека не изгубиле ништо.Од тие е и измислено недообјаснетото – НАРОДЕН човек.По што ?И тие ќе избегаат од него,сигурно.

Средби без смисла се како цвеќе без вода.Си го поплукал и мислиш ќе цвета.
Тој треба да биде центар,кој би отпочнал да создава ,,јавност,, која би имала критичка улога.
Градоначалникот или ќе биде ортак со критичката јавност и направи со неа,,коалиција,, или старомодно ќе ги истера годините на мандатот не знаејќи што претставувал.
За модерен градоначалник,за град фаворит.Мислам дека е време.

Leave a Reply

Your email address will not be published.