Од национализам до патриотизам (дел први)

Ова не е предавање во научна смисла, не е ниту говор во традиционална смисла, туку едноставно е обид една тема да се осветли од една можеби необична страна и да се дополни со аргументи. Банкските Двори во Бања Лука се добро место да се започне процесот на рамзмислување кои можеби на некои од вас ќе им донесе поместување во разбирањето на работите битни за вашиот живот.

Суштината на сите организирани системи, било да се поединечни живи суштества или заедници, држави или општества, е тоа дека се наоѓаат во некое окружување кое на битен начин влијае на судбината, опстанокот, успешноста на тој организам. Многу е битно за тој организам или организација да го разберат своеот окружување, ако е можно, да утврдат некои правилнсоти во однесувањрто на тоа свое окружување и да се прилагодат на истото.

Секако, постојат ретко исклучоци, кога организмот е во состојба толку да влијае на своето окружување што воопшто не му е важно што во тоа окружување се случува, бидејќи тој го дефинира. Пример е Америка денес, организам кој смета дека воопшто не е битно што се случува во светот, кој е природно окружување на таа земја, туку смета дека таа земја е толку моќна да може да го обликува и идзајнира своето сопствено окружување.

Во историјата неколку пати се појавиле такви примери, кои воделе кон судир со реалноста. Се испоставило дека ниеден организам, било да е држава или идеологија не е доволно моќен да го контролира своето окружување. Секој кој пробал да го направи тоа, на крај пропаднал, од Рисмкото царство до денес. Уште Чарлс Дарвин како големо сознание формулирал: “Во суровата борба за опстанок успеваат, не најголемите ни најјаките ниту најпаметните, туку оние кои најбрзо се прилагодуваат на промените во своето окружување”. Тоа е формулата за успех.

Оној кој мисли дека неговото окружување е само сцена на која тој ги дефинира своите правила, извесно време може да живее во таа илузија. После извесно време тој се судира со последиците на својата ароганција и на крајот страда. Значи, суштината е во тоа секоја заедница реалистично да го сфати своето место во еден многу поголем систем на концентрични кругови: тука најпрво е неговиот регион, потоа пошироката заедница, континентот, па потоа целото човештво. Важен е обидот да се открие кои се рамномерностите и законитостите во однесувањето на тоа окружување и да ги искористи во свој интерес. Треба да си го најде своето место. Оној кој на тоа слепо се спротивставува, на крај страда како Дон Кихот кој се брои со ветерниците.

Не е добро ни кога заедницата просто паразитира на логика на своето окружување. Таа треба да живее свој индивидуален живот, но така што ќе ги избегне опасностите кои не може да ги совлада. Неизбежно е таа понекогаш да добие и по некој удар, бидејќи не може се да се предвиди и често се случуваат неочекувани работи.

Тоа е некоја општа теорија на општеството и колку и да изгледа тривијално, таа е многу поучна, бидејќи ние како народ често ја занемарувавме и баравме оправдување во тоа дека ние не сме тука, во овој свет, бидејќи сме небески народ и за нас правилата на овој свет на важат. И така плаќавме овоземска цена за теоријата со која сакавме да покажеме дека ние не сме овоземски. Секогаш е меродавна онаа рампа, на која ќе ви наплатат цена. Ако таа се наоѓа на земјата, тогаш вие сте земски патник. Ако летате по небото како анѓел, тогаш не плаќате патарина и во принцип немате трошоци. Кога постојат трошоци, тоа значи дека вие сте вклучени во еден материјален систем, а тоа значи дека морате да предвидувате дали трошоците за патарина се превисоки.

Окружувањето во кое живееме има некои свои правилности, кои се формирале низ вековите. Тоа не е хаосот со кој ние секој ден се сретнуваме. Секоа окружување поседува одредени законитости кои, ако ги прифатите и внимателно ги простудирате, можат да ви помогнат да се ориентирате и да предвидите што ќе се случува. Значи, 89 – тата година не беше тепко да се предвиди пропастот на комунистичката идеологија во сите нејзини елементи, и економски, и политички, и идеолошки и не беше тешко тогаш да се сфати што ќе доминира со последната деценија од 20 – тиот век и како тежиштето на светските случувања ќе се помери од судир на големите идеологии и блокови на глобалната конкуренција и на економија заснована врз информатичката технологија.
Тоа не беше тешко да се предвиди, но голем дел од луѓето кои ги водеа народите не го предвидеа тоа и поради тоа многу народи страдаа, бидејќи беа водени од старите идеи и претпоставката дека со светот сеуште владеат старите законитости. Тоа е како да имате мапа на градот на која се нацртани сите улици, но тоа е мапа на археолошки ископини на градот кој тука постоел пред илјада години. Кога со таа мапа во рака се возите по градот кој е на тоа место денес, логично е дека ќе свртите во погрешна улица, дека ќе залутате и дека нема да стигнете на целта.

Така сакам да го објаснам ставот дека не постојат одредени трендови во нешто што се нарекува свет, во нешто што се нарекува човечност и дека за секој народ и за секоја нација која сака да успее во тоа окружување важно е да ги разбере трендовите. Ако не е доволно јака на тоа да се спротивстави, да ги промени и да ги наметни своите трендови, мора да размислува како да се прилагоди и како да ги искористи за своите интереси – своите мали интереси во големиот свет.

Во последните сто или двесте години можат да се забележат трендови кои во науката се анализирани и истржаувани, кои се битни и сеопфатни, толку што може да се наречат мегатрендови, нешто што навистина влијае на судбината на целото човештво и што го менува и редизајнира обликот на општеството на топката земја. Значи, тоа не е нешто ситно, минливо, туку нешто што навистина ги менува фазите на развој на човековиот род.

Во 19 – тиот век се случил премин од аграрно кон индустриско, во 20 – тиот од индустриско кон информатичко општество. Тоа предизвикува огрмони промени во менталитетот, начинот на однесување и размислување на луѓето. Се менуваат и инструментите и орудијата со кои се служат за да ги задоволат своите потреби и се менуваат квалификациите неопходни за да во тоа бидат успешни. Она што нациите и поединците ги правело успешни во индустриското општество, не е доволно за нивен успех во информатичкото општество.

Вториот голем мегатренд е исто така во областа на економијата – преминот од производна економија во економија на услуги, која предизвикува големи промени во структурата на општеството. Постојат можеби десетина карактеристични тенденции кои ја менуваат структурата на општеството, структурата на институциите и структурата на свеста и секако, бараат поинаков начин на однесување за да општеството биде успешно. Да речеме, неопходен е премин од национална економија кон светска, од затворени мали пазари кон конкуренција во еден свет во кој на секое место на земјината топка луѓето денес можат да произведат што сакаат.

Значи, нема повеќе привилегии ниту за еден дел од светот, нити за еден народ, ни за една економија. Секоја економија денес на светот може да произведува исти работи. Сега се поставува прашањето што можеме ние да произведеме подобро, поуспешно, побрзо, поквалитетно, поефтино, за да би биле конкурентни во однос на тоа што го произведува Кина, Русија, Бразил или ЕУ. Тоа е нешто сосем ново, создава огромен притисок на светската конкуренција и бара припрема на сопствените капацитети и потенцијали за остра меѓународна конкуренција.

Замислете вашите фудбалски клубови да играат во лига во која се Манчестер Јунајтед, Сао Паоло, Милан и сите светски клубови. Ако сакате да добиете некој натпревар, тоа бара огромна припрема, тренинг и сосема поинаков пристап кон играта. Значи, лесно е да се биде прв во селската лига, но с епоставува прашање дали во 21 – виот век селските лиги воопшто ќе постојат или се ќе биде една лига во која можете да бидете или меѓу најдобрите или на крајот. Или сте најдобри или сте најлоши, постојат само успешни и неуспешни.

Повеќе не постои исток – запад, комунисти – капиталисти, католици – православни, овие или оние. Постојат само успешни или неуспешни. И тоа е светската лига на 21 – виот век. Пред се во економијата, а потоа секако и во идеите, иновациите, во квалитетот на институциите и во се друго што го следи тој тренд. Исто така постои и тренд од централизација кон децентрализација, од тоа дека одлуките порано се донесувале на хиерархиски начин, во еден центар, а понатаму другите нивоа на организацијата во општеството само ги спроведувале, кон тоа дека тие се делегираат, доаѓа до децентрализација и одлуките се донесуваат на ниво на општество блиску до граѓаните, кои можат да ги контролираат и однесувањето на тие органи го третираат како сервис кој служи на граѓаните, а не како спроведување на некоја волја на власта.

Ако го погледнете ова за што сега зборувам, ќе видете дека всушност станува збор за промена на нешто што било статично кон нешто што е флексибилно, движечко и што се темели на комуникација, на брзина, на снаоѓање, нешто што би можеле да го наречеме процедура наместо супстанца.

Секако, се поставува прашањето што во тој процес се случува со народот и нациите. Очигледно е дека она што го пренесовме од европското и светското минато, а тоа е цврсто дефинираниот суверенитет, држави со свои влади, со свои надлежности, постепено се втопува во еден поинаков општ тренд.

Врз економијата на една земја денес повеќе влијание имаат ММФ и Светската банка или американските федерални резерви, отколку што има економската политика на една земја, бидејќи се што се случува на светскиот финансиски пазар долгорочно влијае на економската политика на една земја од влијанието на една нејзина влада. Значи, не постои повеќе економскиот суверенитет на една земја. Слично е и со политиката.

Здружувањето во ЕУ практично води до одрекување од гол дел од државниот суверенитет на поедините држави. Тие се здружиле, тој процес на интеграција опфаќа се поголем број на држави, со краен резултат дека за дваесет, триесет или педесет години ќе постои светска влада, која ќе се базира на доброволно откажување од државниот суверенитет на стотина држави. Но би била голема илузија од тоа да се заклучи дека исчезнуваат давните и националните интереси. Не, тие само се трансформираат и се прилагодуваат на овие трендови кои ги опишав, но нема да дојде до она за што сонувал Кант во својот есеј за вечен мир или за што сонувал Макрс – пролетери од сите земји – обединете се.

Сите ние сме исти, нема граници, нема нации, нема држави, човештвото е една нација. Не, мислам дека во наредните сто години носителите и главните правни лица и ентитети сепак ќе бидат државите и нациите кои се организирани во тие држави. Ако мегатрендото во последните сто години беше во делење на она што беше стабилно, цврсто, статично, се поставува прашањето на колективен идентитет. Што се случува со националниот идентитет внатре во една држава, кој се дефинира како интерес кој на тој светски пазар мора да се одбрани, заштити?

Ја мислам дека тоа може да се опише како премин од национализам кон патриотизам, при што национализмот е израз на колективниот идентитет во едно релативно статично општество. Мислам дека е погрешно да се смета дека развојот во доменот на модернизација од национализам води кон интернационализам. Значи, пандан на национализмот не е интернационализмот. Ако национализмот е колективниот идентитет на едно статично и во принцип рурално – индустриско општество, тогаш не значи дека колективниот идентитет на едно модерно општество се изразува преку интернационализмот. Интернационализмот е на во сосема друг колосек. Тој функционално не ја задоволува потребата за идентитет, кој го задоволуваше национализмот во еден сосема поинаков тип на општество. Мислам дека вистинскиот пандан на национализмот е патриотизмот.

Ако обрнеме внимание на структурата која е присутна во сите овие процеси, ако сакаме да ја пренесеме на процесот на формирање на колективна свест, карактеристиката на национализмот, неговата супстанцијалност е тој да се однесува на етничја или некоја друга припадност. Тој е статичен, тој поларизира, не е комуникативен, не може да се вклучи во конкуренција, во размена, што е услов за успех во модерното општество. Тој е карактеристичен за завземање на позиција и заседа во статичното општество.

Тој вид на колективна свест навистина постои само во оние општества кои се застанати во својот развој. Тие постојат во регионите во кои процесот на модернизација не се одвивал нормално, туку имал одредени историски блокади и застои. Како последица на тоа имаме општествена структура, која како свој колективен идентитет произведува едно статичко чувство, како што е чувството на национализам.

Друга работ акоја е битна е дека за национализмот меродеавни се мотивите. За патриотизмот меродавни се резултатите и последиците. И тоа е основната разлика меѓу традиционалните и модерните општества. Значи, имате историски примери на национализам кои сакајќи да ја унапредат – ја уништуваат својата нација. Но тоа не им е маана. Во таа слика на светот најбитно било дали тие имале намера да и помогнат на својата нација. Ако тие имале намера и можат да докажат дека имале, тогаш тие го нашле своето оправдување. Тие велат – ние искрено сакавме се најдобро, но на крај се заврши лошо за нашата нација, но ние не сме виновни туку виновни се околностите. 

 

Превод: К. Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.