Чудни државни работни места кои постојат во Кина

1. Судија за порно филмови

Ако имате добар вкус за порно филмови, кинеската државна администрација има работа за вас. Таму секој филм мора да биде изгледан од посебно тело пред да биде одлучено дали тој може да се прикажува или е „штетен“ по населението и неговите уверувања, и според тоа треба да се забрани. Има оддел за еротски и порно филмови на интернет, па ако најдат нешто што е непожелно, должни се да реагираат и да го пријават. Само луѓе кои се во брак можат да се вработат овде, а останатите можат само да волонтираат.

2. Играчи на видео игри

Играч на видео игра е работа која ќе ја добиете ако заглавите во кинески затвор. Тие играат игри во кои може да се собира некаков капитал, како на пример во World of Warcraft, а потоа „капиталот“ се продава на вистински гејмери за вистински пари. Затворениците се должни да играат во 12-часовни смени.

3. Платени протестaанти

Кинескиот авторитарен режим се обидува со сите сили протестите во земјата да ги прикаже како дело на злобниот запад, а една од мерките против тоа е плаќање на протестанти кои ќе протестираат во полза на политиките на владата. Доколку не сте успеале да најдете кај нас ниту ваква работа, Кина може да биде земјата од вашите сништа.

4. Придружба на дисидент кој оди на „одмор“

Оној кој ја критикува владата се нарекува дисидент и има обврска да оди на одмор платен од државата кога во Кина се одржува некој важен меѓународен настан. Во таков случај не им е потребен некој кој ќе ја наруши убавата слика која државното раководство ја остава, па затоа тие луѓе се ставаат во авион и се праќаат некаде добро да се одморат од зборување. Заради тоа државата има вработено полицајци кои ги придружуваат. И тие, исто како и дисидентите, не се ограничени со буџет додека „одмораат“.

5. Професионална панда

Пандата си е панда, но ако живее во зоолошка градина тогаш нема избор и мора да биде професионалец. Секоја панда во зоолошките на оваа планета е сопственост на кинеската влада и заработува пари. Зоолошките кои сакаат да имаат панда во своето животинско царство треба да ја изнајмат од Кинезите, да платат за тоа, а се должни и да ја размножуваат. Се плаќа и за размножувањето. Тоа чини 600.000 долари, а ако пандата умре додека е на заем, казната изнесува 500.000 долари.

6. Коментатор на интернет

Ова е уште едно работно место во огромниот владин ПР тим. Тие плаќаат луѓе за да коментираат на интернет на статии во кои се зборува за владата. Без разлика на каков тон е напишан текстот, опозициски или не, тие се должни да ги возвишуваат политиките на партијата која е таму на власт. За секој коментар се паќаат по 50 центи. Секој од нив добива имејл со инструкции на кои вести треба да коментира и какви да бидат коментарите, а тие потоа послушно си ги извршуваат задачите.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.