Атлантик Ситис: Чудната потреба на Скопје да ја менува историјата со споменици

Во текстот на авторката Армин Росен се наведува дека Грција е загрижена за евентуални територијални претензии од страна на Македонија.
– Експлозијата од нови објекти во режија на Владата во центарот на Скопје, проектот наречен Скопје 2014, е суров, во стилот на Лас Вегас и претставува обид да се наметне истовремено историско и естетско единство каде што тоа не постои. Проектот вклучува десетици статуи, огромни нови владини згради и орнаментирани мостови, фонтани. Тоа е проект на владејачката македонска партијата за национално единство, која асоцира дека дека има корени во револуционерното движење против отоманските Турци од 19 век. „Скопје 2014 “се случува во една мала земја, со 2 милиони жители и голем број на малцинства и верски групи, каде што во државниот концепт на идентитет е потребно да се вклучат сите жители – вели Јулија Леклер, експерт за урбанизам на Лудвиг Максимилијан универзитетот во Минхен која во моментов има универзитетски проект во Скопје, фокусиран на Скопје 2014″.
Таа додава дека посетителите може да видат големи мажи на коњи, музички фонтани, колонади, галерии на отворено од цареви со камени лица, црковни отци и герилци од 19 век. Но Македонците се заглавени во овој градежен бум и многу од нив се чини дека се противат на тоа.
Целиот текст може да го прочитате овде.

Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.