“Црвен крст” од Кавадарци е еден од пунктовите каде граѓаните може да ја покажат својата хуманост
“Црвен крст” од Кавадарци е еден од пунктовите каде граѓаните од општините Кавадарци и Росоман може да ги доставуваат своите донации во конзервирана храна, лекови, облека, млеко, постелнина, вода за пиење…Својата хуманост граѓаните можат да ја искажат во периодот од 08 до 18 часот. Во координација со локалната самоуправа овие средства организирано ќе бидат доставени до главниот град на Република Македонија, од каде организирано целата помош ќе замине кон поплавените подрачја во Србија и БиХ.
Заради полесен транспорт и понатамошна распределба, пожелно е вашите донации да бидат пакувани во картонска амбалажа, со назнака-храна, облека за деца или за возрасни и сл.
Од денес (понеделник) ке се собира помош во конзервирана храна, чиста и нова облека,средства за хигиена, постелнина, лекови за деца-антибиотици, лекови за дијабетис, пелени, храна за бебиња, млеко, вода за пиење. Сета собрана донација ќе се пренесе до главниот магацин на црвениот крст на Македонија во Скопје, од каде организирано ќе се носи во поплавените подрачја.
“Црвен крст” од Кавадарци упатува повик до сите граѓани да земат учество во помошта за настраданите во поплавите во Србија и БиХ.