Човекот кој го одби нацистичкиот поздрав

Се вика Аugust Landmesser. Еден ден во 1936 година во Германија кога владеел Адолф Хитлер одбил да ја дигне раката во знак на нацистичкиот поздрав, сред толпата народ во која сите ги дигнале рацете да одпоздрават и да го прослават потопувањето на новиот брод во луката во Хамбург. Сцената ја овековечил некој фотограф. А снимката се појавила пред неколку години на интернет и брзо го преплавила светот.
Фотографијата е поставена на 4 февруари на Фејсбук страницата на организацијата која настојува да им помогне на жртвите од земјотресот кој во Март 2011 година ја погоди Јапонија. Земјотресот бил проследен и со убиствено цунами и катастрофата во Кукушима. Од тогаш овеќе од 87.000 корисници на Фејсбук ја “лајк-але” оваа фотографија на социјалната мрежа, а околу 32.000 ја споделиле. Околу 7.000 коментирале на истата.


За Јапонската организација “Senri no michi” овој момент симболизира “храброст да не се каже не”. “Храброст” е и насловот на фотографијата кој го дала “Farsena” информативниот сајт за концентрациониот логор Аушвиц.
Кога фотографијата била направена August Landsmasser сеуште работел на бродоградилиштетот во Хамбург затоа е и тој присутен на истата. Тој ден Адолф Хитлер и сам се нашол во Хамбург за да присуствува на свеченоста. “August Landmasser имал свои сопствени причини да не направи нацистички поздрав” пишува Вашингтон Пост.
Околу една година пред да се направи ова фотографија August Landmasser и неговата сопруга биле затворени бидејќи ја “осрамотиле расата”. Осудени се на присилна работа/ тој бил ослободен 1941 година но веднаш после тоа бил пратен на фронтот, каде му се губи секоја трага. Сопругата најверојатно умрела во заробеништво 1942 година. Двете негови ќерки биле испратени во дом за сирачиња. Но преживеале.
Како се знае дека се работи баш за него на оваа фотографија, која се воздигна до култ на икона? 1991 година Ирене го препознала својот татко на фотографијата која ја употребила некој германски весник. Веќе неколку години таа собира документи за судбината на своите блиски. Направила дури и книга, која ја објавила во 1996 година и во неа зборува за историјата на семејството кое го “растргнало нацистичка Германија”.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.