Човечки мозок направен во лабораторија

Кноблич и неговите колеги користеле матични клетки од возрасен човек кои ги програмирале да се однесуваат како ембрионски матични клетки, претворајќи ги во индуцирани плурипотентни матични клетки. Тие создале течност од супстанци кои го поттикнуваат развојот на мозокот кои понатаму ги вбризгале во клетките. По неколку недели, се формирале ситни мозоци. Малите “мозоци” се со дијаметар од 3-4 милиметри и имаат структура слична со онаа на човековиот мозок. 

Создавањето на неверојатната комплексност на функционален човечки мозок е нешто што науката сеуште не успеала да го направи. Но ако овие истражувачи откријат како да направат покомплексни структури од овие “мозоци”, тие можеби ќе дадат некои насоки за тоа зошто некои мозоци не се развиваат соодветно и зошто други развиваат сосотјби како на пример шизофренија. Но дури и овој концепт е многу години оддалечен од “производство” на функционален, чувствителен, совесен мозок.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.