Чилеански стадион – привремен парк

Со почит кон оние кои го изгубиле својот живот, Errazuriz го презеде фудбалскиот терен и засади прекрасно дрво магнолија во средината, правејќи го просторот да изгледа како привремен јавен парк, наречен “Дрвото Споменик на концентрационен логор”.

За една недела, посетителите и локалните жители можат да ја имаат можноста да уживаат на тревата на величествениот национален стадион. Имено, гостите беа поканети да го посетат, да си направат пикник, или да седат под бујната крошна на убавото дрво – магнолија. Додека пак, беа замолени да се потсетат на луѓето, кои беа држени во заробеништво на истиот простор, што е срцето на фудбалот во Чиле. Националниот спорт бил вратен на стадионот и за време на “окупацијата” на уметничката инсталација.

Со 20 000 гледачи, се одржа традиционалниот фудбалски натпревар, со играчи кои играа фудбал околу симболичната магнолија, третирајќи го како само уште еден член на опозицијата. По две години петиции и чекање на потребните дозволи, Errazuriz конечно доби пристап до стадионот за неговата инсталација. Финансирано целосно од уметникот, дрвото на животот е транспортирано и заседано во центарот на фудбалското поле. После официјалното отварање на привремениот парк во стадионот, гостите беа замолени да го почувстваат теренот на различен начин: во чест на загинатите граѓани на истото место.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.