Цигарите поскапеа преку ноќ

Поскапувањето беше најавено за од 1 следниов месец но, сепак тоа почна да се применува во некои места уште од вчера.

Имено, ронхил, и бестон слим од вчера се продаваат за 5 денари поскапо. Новата цена на ронхил е 65 денари а пак бестон слим ако до вчера сте го купувале по цена од 55 денари од 1 јуни се продаваат за 60 денари.

Цигарите ќе бидат со покачена цена се до 1 јули 2016 , а веќе од 2017 поскапувањето ќе се зголемува по четири денари за кутија годишно, а трендот на поскапување ќе продолжи во наредните осум години.

Граѓаните по ова прашање се поделени.
За едни цената за три денари поскапа кутија не значи ништо.
„Мислам дека нема да се откажам од цигарите”, вели еден граѓанин.
„Па незнам до кога ќе поскапуваат но ако достигнат цена што не можам да си ја дозволам од буџетот мислам ддека барем ќе ги намалам”, вели друг граѓанин.

 

Извор: Фактор

Leave a Reply

Your email address will not be published.