Чие е морето?

Терминот го “рециклирале” во националистички контексти од крајот на деветнаесетиот век па натаму, заклучно со фашистичката употреба – Габриеле д’Анунцио повторно го вовел во јавниот говор. Смислата на денешната употреба е јасна: владата спрема широка европска акција со која ќе го земе назад “своето” море, кое сега го заземаат незаконските доселеници, посебно во правец на островот Лампедуза. Го “завземаат”пред се со своите мртви тела. Посреќните мртви може да добијат и италијанско државјанство… живите, главно, немаат никакви шанси.


За незаконските доселеници кои доаѓаат по морски пат на Лампедуза во последно време толку е напишано, што малку гуглавме за оваа опасна наративизација на ситуацијата. Меѓу многуте срамотилаци кои денес ја одликуваат ЕУ, таа е сосема на врвот. Други – предлагам список – се брзата и темелна пауперизација на најшироките слоеви на европските граѓани, широко планирано и систематско скратување на животот на граѓаните, кој се однесува подеднакво на старите и на младите, и со ништо не спречениот или намален расизам. Ги изоставувам од списокот сите работи кои се однесуваат на цели држави и нивните апарати …


Лампедуза е само една станица. На падините на Гибралтар има неколку гробови на непознати тела, кои морето тука ги исфрлило. На грчко – турската граница има мински полиња, кои годишно значајно го намалуваат бројот на незакоснките доселеници кои судбината ја пробуваат на копното. Никој не е во состојба да направи ниту приближна статистика за тоа колку незаконски доселеници секоја година, а особено лето, доаѓаат на стотина грчки острови од турското крајбрежје. Нивното доаѓање е скоро невидливо: шверцерите на луѓе ги исфрлаат неколку километри пред брегот, и тие се мешаат со капачите на плажите – оние кои успешно допливуваат. На осторовот Митилини (стар Лезбос) припадниците на Златна ЗОра организираат приватни рации против нив. Во Цариград цели квартови се полни со кандидати за премин по копно или море, кои шверцерите ги исфрлуваат, или ги приморуваат да го “заработат” своето заминување: чекањето да се замине обично не е помалку од една година. Бугарија се сетила дека зидот е можеби подобро и поефтино средство од минсите полиња. Оние кои се сметаат за центар на Европа исфрлаат на периферијата помалку жалење, кои претходно со сомнителни закони ги определиле како излишни: некои од тие се граѓани на ЕУ, како Романците, некои се, како што е косовската ромка Леонарда. Тоа е уште едно девојче од петнаесетина години кое, после Малала, и залепи жежок шамар на светската јавност и покажа како треба да се однесува граѓанка.


Баш на примерите на овие две девочиња може да се зборува на страшната манипулација со приказните, односно пропагандата, која се случува во договор со највисоките државни органи, институции, медиуми и меѓународни високи претставници. Нивните приказни од една страна ги придвижуваат масите, меѓу останатите и масата француски средношколци, а од друга страна споменатите сили ги спречуваат, бидејќи имаат други приказни за покорување на граѓаните. Малала не можеше да добие Нобелова награда за мир бидејќи е премногу застапена во медиумите? За разлика од претседателот Обама? Извесно не – но во необичната линија добитници на најважната награда за мир Малала просто се издвојува со тоа што нема бап никаква врска со воените кругови.

 

Не е ли во контекстот на тие приказни сосема логична и приказната за сионоокото и сионокосо девојче, кое го украле Роми? Приказната е стара одприлика шест векови: децата ги краделе, продавале, им пуштале крв и ги јаделе за појадок наизменично Роми и Евреи. Во моментот кога треба некој да се засени со индустријата за шверцување луѓе, која носи повеќе од шверцување дрога, оваа приказна треба да укаже на “вистинските” киднапери и опкасноста за ЕУ. Грчките власти, секако, не им веруваат на Ромите; не ги интересира судбината на останатите ромски деца кои во истата населба и насекаде не се опфатени со социјална и здравствена заштита, не одат во училиште и не се никаде запишани; важна е само синооката и синокосата, бидејќи му ја украле на “добриот” свет, на финото англиско (или некое друго) семејство: паралелата со англиското девојче со англески излгед веднаш се појавува на убедливите фотографии. Накратко, и онаа првата ја киднапираа Роми “очигледно”. Наместо на своите ромски деца, барем од таа населба, да им се овозможи минимално подобар живот, големи пари без проблем се дава за ДНА испитување. Бидејќи, како што на сите верници на стереотипите и глупавите приказни им е одлично познато, Ромите не можат да имаат синокоси и синооки деца. Со оправдан сомнеж, првата работа која паметните власти би ја извеле, е да истрагата, поради заштита на децата, ја спроведат крајно дискретно, и нејзините фотографии да се појават дури коа тоа ќе стане потребно во истрагата – што е обично последен – очаен чекор. Резултатите од ДНА се тука всушнос тнебитни, важно е дека ромскиот пар лажел, мамел и “очигледно” бил спремен за уште полоши работи. Во група каде не е вообичаено ниту да се пријави дете, ниту посвојување, ниту било која друга промена внатре во семејството и групата, бидејќи, меѓу останатото, пристапот до основните граѓански права е спречен, формално или неформално, ништо полесно од тоа да се открие “скандал”. Власта се однесува како да постои за нив – уште полошо, како да се грижи за нив… во меѓувреме, уште едно киднапирано сино девојче е најдено кај романските Роми во Ирска.


Тоа дека европските државници и административци повеќе не се заинтересирани да манипулираат со ваквите приказни за глупите слушатели, би значело дека експериментот на заглупување на граѓаните успеал. Европските власти порано колку – толку успешно се договараа со Гадафи, и не се грижеа посебно што тој незаконското доселување го намалува со зголемување на концентрационите логори. Либија е сега во процес на превирање, можеби дури и на својот успешен пат во подносливиот систем, и за тоа очигледно не е потребно на своите или европските граѓани да им докажува како е строга према афричките доселеници од сите страни. А и зошто, кога тоа не им е цел? Сега, кога се покажува недвосмислената европска неспособност да се влезе лице в лице со проблемите, вниманието на јавноста се насочува на приказната за “нашето море” наместо на луѓето, мртви или живи, во него. Територијалниот интегритет и сините девојчиња, наместо да предизвикуваат мисла на сопствената одговорност, успешно насочуваат на опасна колективна кохезија и отпор према другиот.


Колку пати тоа веќе го видовме?
Развивањето на омраза према другиот и неосетливоста за маките на новодоселените на европските власти им служат пред се за да ја поркијат внатрепната политика, во која “нашите” гладни и незапослени се поважни, иако за нив не прави ништо, освен систематско влошување на состојбата. Не, не се: било кој колку – толку паметен режим, тоталитарен, капиталистички, би се присетил дека употребата на новодоселените е начин да домаќините исто така се вработат – на големи колективни работи, на подобрување на капиларната поврзаност на Европа по пат на железници, на изградба на инфраструктура, на оспособување на огрмоните индустриски, цивилни и воени комплекси кои пропаѓаат насекаде по Европа. А да се префрли сето тоа на глупите политичари би било исто така неодговорно.

 

 

http://pescanik.net

Превод: К.Попова

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.