ЦИА користи сервери во Австралија за програмите за глобална Интернет шпионажа

Според поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден објектите се наоѓаат во градовите Алис Спрингс, Дарвин, Џералтон и во предградие на престолнината Канбера.

Триесетгодишниот Сноуден работеше за американската Агенција за национална безбедност, која се занимава со електронска шпионажа.

Тој избега од САД во Хонгконг, за да ги обелодени тајните шпионски програми на ЦИА во САД и во целиот свет. Тој отпатува за Русија, за потоа да замине во држава која ќе му даде политички азил. Во моментот се уште се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.