Чудниот услов на професор Мухиќ

пишува Звонко Каров

Професорот Ферид Мухиќ прераскажувајќи како се нашол на листата на пратеници предложена од коалицијата што ја предводи СДСМ ги става во прилично незгодна ситуација претседателот на СДСМ Заев, раководството на таа партија, но и останатите кандидати за пратеници на таа листа. По она што го кажува професорот од разговорот со Зоран Заев (кој му понудил место на листа) поставил услов кој Заев веднаш го прифатил.

Ако претпоставиме дека барањето од страна на Заев не е да потпише пристапница за СДСМ, туку дека таа позиција му е понудена заради некои други неговите квалитети (углед…), тогаш одговорот кој му го дал Заев е логичен и единствено можен кога веќе таков услов му бил испорачан. Професорот Мухиќ сакал да остане и понатаму независен ?! Што го натерало професорот Мухиќ да испорачува таков услов, ако веќе го испорачал?

Тој изразил сомневање во независноста на професорката Дескоска само заради тоа што има членска книшка од СДСМ ?! Зарем професорката Рената Дескоска (ја земам за пример) која е исто така на листа на пратеници од коалицијата која го предложила, го водела истиот разговор со својот лидер кога прифатила кандидатура за пратеничка. Не верувам.

Професорот Мухиќ ако ја познава природата на пратеничкиот мандат никогаш таков услов немало да испорача. Идниот негов пратенички мандат (ако биде) треба да биде слободен мандат. Вака, со неговото прво обраќање, а во врска со претстојните парламентарни избори и неговата кандидатура му удира шамар на Заев, СДСМ и идните пратеници. (Не) Сакајќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.