Четири причини зошто Договорот од Пржино мора да пропадне!

пишува Бранимир Јовановиќ

1. Со Договорот од Пржино се легитимира режимот на Груевски. Режимот кој противзаконски прислушувал повеќе од 20.000 лица. Режимот кој мести избори и судии. Режимот кој затвара новинари и политички противници во наместени парници. Режимот кој краде милиони евра народни пари во услови на рекордна сиромаштија. Со вакви криминални, тоталитарни и фашизоидни режими не смее да има никакви договори!

2. Со договорот борбата која почна како бунт на незадоволен народ против корумпирана власт се сведе на борба помеѓу две политички партии за предвремени избори. Со тоа се потврдува тезата која власта и нејзините мегафони ја пласираа цело време.

3. Договорот е резултат на преговори кои беа водени на неинклузивен, затворен и нетранспарентен начин. Од преговорите целосно беа исклучени другите субјекти кои беа многу активни во протестите, како пленумите и граѓанските организации. Многу важни детали од преговорите и од договорот се’ уште не и’ се познати на јавноста.

4. Со договорот му се дава простор на режимот со разни ситни сопки и опструкции постојано да купува време. А времето работи само за него. Во ситуација кога изборите се закажани толку скоро, без некоја крупна промена, режимот повторно комотно ќе ги “купи” изборите.

Алтернативата е јасна – бомби и протести. Сите заедно, до рушење на режимот. До експертска влада, која ќе има мандат од минимум една година за да ги расчисти индициите за криминали, да ги професионализира јавните институции и да створи услови за фер и регуларни избори. Па тогаш народот нека одлучи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.