Општина Неготино ќе троши 4.000.000 денари народни пари за фонтана???
Градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, најави дека прескапата фонтана која им ја ветил на своите сограѓани ќе биде изградена
Жителите на општина Неготино, место кое се рангува меѓу посиромашните општини во Република Македонија, се вчудоневидени од ваквиот потег на Апостолов обвинувајќи го дека не е ниту време ниту место да тој се рафрла со прескапи фонтани на сметка на сиромашните сограѓани.
Во целиот свој мандат Апостолов не успеа да го го реши проблемот околу гинеколошкото одделение во Неготино кое за жал не функционира. Неготино со години нема гинекологија а родилките патуват дури до Кавадарци.
Апостолов дециден во својата намера да изгради фонтана од неколку милиони денари во центарот на Неготино. Во како што вели, “неговата” општина.
Во Неготино нема вода секој ден, по неколку часа, а пак ноќе рестрикциите се целовечерни, односно од околу 23 часот, па се до раните утрински часови.
Апостолов ги одбројува деновите како градоначалник, општината во континуитет назадува, жителите на Неготино со нетрпение ги чекаат локалните избори.