Четвртфинални мечеви кај мажите на Вимблдон

Во исто време (14 часот) на теренот број 1 се игра најинтересниот меч меѓу првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) и Томаш Бердих (Чешка, 7.носител).
На другите два четвртфинални меча двојките се: Фернандо Вердаско (Шпанија) и олимпискиот шампион и лански финалист Енди Мареј од Велика Британија, кој воедно е втор носител. Последнот четвртфинале ќе биде дуелот на двајца полски тенисери Лукаш Кубот и Јиржи Јанович.
Вчера се одиграа четвртфиналните мечеви во женска конкуренција: Агнешка Радванска (Полска) ја победи На Ли (Кина) со 2:1 во сетови. Кирстен Флипкенс од Белгија со истиот резултат ја совлада шампионката од 2011 година Петра Квитова од Чешка.
На другите два меча од четвртфиналето се играше во два сета и победи од 2:0 во сетови постигнаа: Сабине Лисицки (Германија) против Каиа Канепи (Естонија) и Марион Бартоли (Франција) против Слоан Стефенс (САД).
Во полуфиналето утре ќе играат: Лисицки – Радванска и Бартоли – Флипкенс.

Leave a Reply

Your email address will not be published.