Centarnews: Зоран Ставревски кршел предмети во просторите на ВМРО-ДПМНЕ???

Вицепремиерот и минстер за финансии, Зоран Ставревски, синоќа низ централните простории на ВМРО-ДПМНЕ нервозно кршел предмети, дознава Centarnews.net.

Како што се вели во текстот, по вчерашното објавување на прислушуваните разговори од страна на Зоран Заев, Зоран Ставревски видно лут и нервозен ги напаѓал вработените и функционерите кои биле во тој момент во просториите?

Тој се обидел во текот на вчерашниот ден да го добие Никола Груевски, но обидот му бил залуден. Надевајќи се дека ќе го најде Груевски во просториите, Ставревски се упатил натаму но кога видел дека го нема таму почнал да вика по вработените и функционерите.

Покрај гласните напади, потпретседателот на владата искршил неколку чаши бутнал еден монитор од бирото – пренесува порталот.

Очигледно Зоран Заев со изнесувањето на еден мал дел од доказите во текот на вчерашниот ден создал вистинска паника и нервоза во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор Centarnews

Leave a Reply

Your email address will not be published.