Центарци повторно засадија дрвца кај Бристол

Ова вели градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски е да се покаже дека колку и да сече власта, граѓаните можат уште повеќе да садат нови дрвја.

На протестот на невладините организации се приклучија и станарите на околните згради, а најчесто поставувано прашање беше „каде е зелената Лилјана Поповска“?

На протестот беа и претставници од политички партии од опозицијата. Фросина Ременски од СДСМ, рече дека со ова дивеење и покажување на сил, власта ја покажува својата немоќ, зашто граѓаните ги сфаќаат погрешните политики.

Општина Цетар постави и клупи, а засадените дрвја се четири платони и три јавори. Едно зимзелено дрво донираа и го засадија жителите на Центар.

Извор и фото А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.