Ценовникот на Православната црква е најскапиот во Македонија

Според ценовникот на Македонската православна црква, од 1.500 до 3.000 денари плаќа семејството на покојникот, ако на погребот пее еден поп. Цената двојно се зголемува, ако дојде уште еден поп. Свеќите се купуваат, бидејќи така требало велат од Скопската епархија. Две илјади и четиристотини денари чини литургија во црква, кога му се оддаваат 40 дена на покојниот.

Крштевката чини 3.000 денари или 50 евра, плус свеќите. Родителите на новороденчето плаќаат 1.000, а кумот 2.000 денари. Трите свеќи за кршевката чинат 120 денари.

Венчавката е поскапа. Во зависност од тоа дали пее еден поп или владика, цените се движат од 50 до 100 евра, плус другите црковни трошоци. Ослободување од плаќање важи само за социјално-загрозените семејства, кои имаат потврда дека примаат социјална помош. 

Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.