Цените на нафтата на највисоко ниво

На лондонскиот пазар во вторникот цената на барел сирова нафта порасна за 1,27 долари, на 112 долари, што е највисоко ниво од март годинава. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 1,03 долари повисока цена отколку во вторникот, од 106,96 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта OPЕC објави дека цената на барел референтна кошница нејзина нафта во понеделникот изнесувала 108,36 долари, што значи дека останала речиси непромената во однос на затворањето на последното тргување.

Претставници на САД и нивните сојузници се состанаа во Јордан за да одлучат дали ќе преземат воени дејствија против сирискиот претседател Башар ал-Асад поради наводниот напад со хемиско оружје од минатата среда. Иако владата во Дамаск ги отфрла овие обвинувања и тврди дека станува збор за режија за да се предизвика странска воена интервенција во земјата.

Тензиите околу Сирија, но и во Египет, ги поткрепија цените на нафтата на лондонскиот пазар, бидејќи инвеститорите стравуваат дека кризата може да се прелие и на остатокот од регионот на Блискиот исток каде што се произведува третина од светската нафта.

„Сирија не е голем произведувач на нафта, како што беше Либија, ниту е значајна транзитна точка за извозот на нафтата и гасот, како Египет. Меѓутоа, се стравува дека интервенцијата на Западот во Сирија може да предизвика судир во поширокиот регион, имајќи ја предвид поддршката на Иран на Асад”, вели за Reuters Џулијан Џесоп, од „Capital Economics”.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.