Цената на рускиот гас: најскапа за најсиромашните

Зошто Полска и Чешка плаќаат повеќе од 500 долари за кубен метар гас, додека веднаш зад германската граница цената е помала од 400 долари за истата количина?

“Гаспром ги формира цените проценувајќи дали поедините земји имаат некоја алтернативна можност”, објаснува Џејмс Хендерсон, експерт за енергетика од Оксфордскиот Институт за енергетски студии. “Оваа компанија суштински се однесува како монопол. Доколку има значаен удел на пазарот на одредена земја, или ако види дека некоја земја нема избор, цените се формираат во склад со таа ситуација” додава тој.

Еве неколку карактеристични примери кои зборуваат за тоа:

Од пет најсиромашни европски држави, единствено Молдавија го плаќа рускиот гас помалку од просечната цена. Македонија, која според податоците на Меѓународниот монетарен фонд е меѓу петте најсиромашни земји во Европа, за гас плаќа повеќе отколку другите држави (564 долари за илјада кубни метри), додека Босна и Херцеговина, каде просечната месечна плата е пет пати помала отколку во Германија, издвојува 515 долари за илјада метри кубни од овој енергент.

Инаку, баш некои од најбогатите држави во Европа кои плаќаат пониска цена за рускиот гас, се наоѓаат на удар на критиките дека се премногу попустливи кон Русија. По руската анексија на украинскиот полуостров Крим во март оваа година, во судири кои се јавија веднаш потоа на истокот на земјата, каде Русија беше обвинувана поради подршката на воорушените сепаратисти, САД и ЕУ наметнаа санкции на Мисква.

Меѓутоа, Германија, Аустрија и Франција, со оглед на тоа дека секоја од нив плаќа помалку од 400 долари за гас – после тоа се обвинувани дека ги спречуваат заострените санкции према Русија.

Германија, најголемиот корисник на Гаспром, која само во 2013 година купила 40 милјарди метри кубни гас, што е 40.000 пати поголем волумен од Емпајер стејт во Њу Јорк, беше изложена на јаки притисоци од своите индустријалци да се избегне воведувањето на нови санкции против Москва. Од друга страна, Франција одбила да го раскине договорот за испорака на воени бродови на Русија вредни повеќе милијарди долари, додека Аустрија која плаќа 397 долари за илјада метри кубни гас, во јуни потпиша договор со Русија за изградба на делот од Јужниот тек низ таа земја, со што би се заобиколил транспортниот правец кој минува низ Украина.

Помалку од недела дена пред Виена да се договори со Москва за условите на договорот, ЕУ успеа да изврши притисок врз Бугарија, која инаку плаќа 100 долари повеќе за илјада метри кубни гас од Аустрија, да ја одложи реализацијата на договорот со Русија за делницата на тој истиот гасовод.

Од друга страна Кремљ користи пониска цена за гасот како мамка со која сака да ги привлече поедините држави да се приклучат кон неговата Царинска унија.

Негде во времето кога бившиот украински претседател Виктор Јануковиќ отстапи од потпишување на Спогодбата за приклучување со ЕУ, претседателот на Русија Владимир Путин се обиде да го убеди Киев да пристапи кон Царинската унија предводена од Русија, која моментално ги вклучува Белорусија и Казахстан.

Освен отпишувањето на долгот од 15 милјарди долари, тој понудил и значајно пониски цени за Украина за овој гас. Сепак, колку навистина и да бил гасот битен фактор во украинската одлука за тоа дали да се приклучи кон ЕУ, доволно е да се фрли поглед на Белорусија која со износ од 166 долари за илјада кубни метри гас плаќа најниска цена.

Ерманија која минатата година неочекувано ја обелоденила својата намера да се приклучи кон Царинската унија, се наоѓа веднаш зад Белорусија, одвојувајќи вкупно 189 долари за илјада метри кубни гас. И двете држави од Русија ги добиваат сите неопходни количини од овој природен гас.

Останатите земји кои некогаш биле во состав на Советскиот Сојуз се скоро целосно зависни од рускиот гас за кој плаќаат голема цена.

Некои од државите кои во најголем дел увезуваат гас од Русија биле, без оглед на тоа, изразено критички према Москва – пред се Латвија, Литванија и Естонија кои ја подржуваа Украина во актуелната криза. Сите тие скоро сто процентно увезуваат гас од Русија, додека Украина 72% од тој енергенс увезува од САД. Ниту една од тие земји не плаќа помалку од 416 долари за илјада кубни метри гас.

Сепак, се додека Русија не посака некој во Царинската унија, изгледа дека политичките симпатии на Москва немаат преголема тежина.

Освен Белорусија, најблизок сојузник на Русија во Европа е Србија, но без оглед на тоа, со цена од 457 долари за илјада метри кубни гас, се наоѓа при врвот на спектарот на цени кои ги наплатува Русија. Италија која воспоставила блиски односи со Русија за време на премиерскиот мандат на Силвио Берлускони, го купува тој гас за цена од 440 долари за илјада метри кубни.

“Цените практично се формираат на пазарот”, забележува Џејмс Хендерсон. “При склопување на договорт има примеси на политика, повремено и моментот во кој се разговара но и времето на преговорите можат да имаат политичка конотација. Сепак, како што можам да видам, Русија ја формира цената врз основа на она што мисли дека може да го наплати” заклучува овој експерт за енергетски прашања.

 

 

 Извор: rferl.org

Превод: Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.