Челзи засилен со 20 годишњак

Марко ван Гинкел ќе стане второто засилување на Челси откако англискиот гигант постигна договор со Витесе висината на отштетата при овој трансфер да изнесува девет милиони фунти. Токму Жозе Мурињо инсистираше на ангажманот на 20-годишниот Холанѓанец како дополнително засилување за средниот ред на „сините“, а управата му излезе во пресрет на португалскиот стратег.

 

„Челси и Витесе постигнаа договор за трансферот на Марко ван Гинкел. Сега останува уште фудбалерот да ги договори личните услови и да ги мине лекарските прегледи, за овој трансфер да може да биде комплетиран“ – се вели во клупското соопштение на лондонскиот клуб.

 

Ван Гинкел е член на Витесе уште од седумгодишна возраст и ги мина сите младински категории на оваа екипа пред да дебитира за првиот тим во 2010 година. Тој настапуваше за селекциите на Холандија за играчи до 19 и до 21 година, а неодамна го имаше и своето деби за „А“ селекцијата на „лалињата“. Холанѓанецот ќе биде второто засилување на Челси за новата сезона, откако претходно беше комплетиран трансферот на Андре Шурле од Баер Леверкузен.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.