Целосна легализација на марихуаната во Уругвај

За да предлогот за легализација стане закон, мора да ги прифатат пратениците во двата дома на уругвајскиот парламент. Во тој случај уругвајската влада на свој терет ќе го превземе производството, складирањето и дистрибуцијата на марихуана.
Владата го порджува предлогот за легализација затоа што, како што изјавија, сакаат на дилерите да им го оттргнат изворот на заработувачка, а истовремено сметаат дека на овој начин ќе се ограничи конзумацијата на потешките дроги. Купувачите на марихуана, доколку законот помине, ќе мораат да бидат постари од 18 години и запишани во посебен регистер. Месечно ќе можат да купат најмногу 40 грама, а ќе им биде дозволено и одгледување на 6 билки за лични потреби.
Поголем е проблемот поради забраната, отколку поради дрогата. Во долниот дом на уругвајскиот парламент има 99 пратеници. Владејачката коалиција Frente Amplio ја подржува легализацијата на марихуаната, но внатре во нивните редови има неколку пратеници кои порачале дека нема да гласаат за легализација. Но, сепак има повеќе пратеници кои се изјасниле во корист на легализацијата.
Голем заговорник за легализација на марихуаната е и министерот за одбрана Eleuterio Fernandez Huidobro, кој го предложил овој закон. “Прохибицијата на одредени дроги создава повеќе проблеми за општеството отколку самата дрога. А последиците од тие проблеми се катастрофални”, тврди уругвајскиот министер за одбрана.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.