Че Побејме

Кај се оружјата?

Јас гимам само оније на разумо

За насилсво,

Нема место

Во мојта кујча

 

дур за една трага шо ја остајв,

трага шо не е паметна,

ниту интелктуална,

дали е можи смешна,

од утрото сиво,

 

шо мртвите вејче го гледат,

и другит мртви го гледат

исто така,

ама занас

то е ушче едно сабајле

 

Вришчам, зборој од борба силна?

Којзнај шо че стани од мене

Оти навечер, старио поет,

Врие од радос

И зборва ко млад чоек,

Шо умира шо побрзо думри.

.

Кај е силата,

Кај е оружјето?

Старите деној,

Нема шанси да се врачат назад,

Оти знам ,

Црвенио април

Од младоста наша,.си ојде вејче

Само соно, од радост

Мој да отвори

Цела сезона и годишни времијна

Од наоружана болка,

Со пишчоли ко дрвја,

Со врисоци ко ветер.

Јас шо бев,

Партизан без оружје в рака,

Без брада и бркој на хипстер

И без име ,.шо сите го знат

 

Сега само,

Го осејчам во живото,семето

на ужаснио парфем на отпоро

сабајле,

лисјата се ушче

ко некогаш шо беа во Карпош

или Капиштец вејче,..

 

 и не е то ни олуја шо иди до нас,

или само нојчта над нас шо се спрема

то е отсуство,

на живот,

шо лебди нат нас

сами,

со дистанца од себе сама

со намера да ги сфати

тие ужасно ведри

сили шо ушче

го полнат

тој мирис на Априло,

на то оружана младос,

за секоје сечило на тревата

волонтерски шо умира

од желба думри.

. . . . . . . . . 

Убо е.

Се разбудив, и за првпат

Во живото,

Сакав да земам оружје в рака

Знам, глупо звучи

Да го кажиш во поезија то

Ама шо да прам….

Така миди

 

И за четри другари од Капиштец, двајца од Центар,

Че ме разберат во ова носталгија,

Идеално преведена од мариовски

Во ова археолошка тага,

Шо лебди над сончевата, безчовечка

Наша земја,

нашио град,

Тој е кујчата на разулавените партизани,

Шо се спушчат од Максим Горки до плоштадо,

Удолу по античкитие

Џадиња стрмни.

 

— 

Јас полудвам во зорите ладни

Оти немом да спијам помејџу

Комшите во градо,

Не мувервам вејче..

За да издржам после

Поручекта да ом со селаните

Надвор од градо,

На работа, да јајме нешчо сами,

Даја пулиме реалноста

Како го крева угоре

Знамето на нашите судбини тешки,

Над вас мои комунисти, другари, и недругари блиски

Сенки од пријателите и оније шо

Бескрајно ги љубам

Оније брачеди шо  ги гледам

И соборци блиски што со поглед ги следам

Изгубени во сегашнсота блиска

И далечна исто така,

Шо не мој да си ги замисли денојте на иднината

 

Вие, безимени татковци

Шо слушавте како не викат,

Повици во нојчта

Од болка и разум исто така,

 

Шо мислев оти се ко мојте, шо ги пракам

Шо горат сега , ко напушчени пожари 

На камен ладни рамнини,

Долж заспаните реки,

Низ ископаните планини,

Со бомби в рака,,

 

. . . 

. . . 

. . . . . . . . . 

 

И си земав на себе лично,

Сета вина од свето шо збори

За сета болка на очаен слаб чоек

Зато шо милионите отнас,

Сите со еден живот

Шо не врзва олку силно,

Не мојвме диздржиме докрај,

Свршено е

Оти то е, посилно от нас,

 

 

зато да пејме, траалла, тие пајџат,

помалку и помалку, последниот лист на

Војната и со маченичка смрт

На победата

Че побејме? Немам појма ..

Вејче мие хаос во глата…

 

 

 

уништена, малце по малце,

от онашто реалнос се вика

и не само реакција чиста,

туку и рајџање на убата

социјалдемократија чиста. тралала

 

И пак ви кажвам,

Си ја препишвам со чејф,

Вината од свето,

Шо ви остајв се исто ко шо беше

за поразо, за то шо не си верват лујџето,

за валканите надежи на годините шо горчат,

тралала, тралала…..

И да знајте исто така,

Че си ја препишам 

Маченичката болка

На мачната носталгија

 

шо ги повиква работите за кој се жали,

со таква истина за речиси да мој

да ги воскресне нив или да ги крени

разнишаните услови

без кој тије не мот да бидат живи,

тије мрачни носталги,

за целио свет шо се криви,

а не се,

знам оти не се….

тралалала

. . . . . . . . . 

Кај ојдоа оружјата,

Ти мирна наша земја мила,

Шо немаш никаква врска со свето,

Шо никој нетеесапи за жива

Во твоето сервилен мир, шо ја бара

 

черашната потребата за бум, денес биста-од возвишеното

до смешно и во повеќето совршен осаменост,

j’accuse!

Не, се смири, Владата или Општина Центар

или Карпош, , но ногу појче.

Нивните светци

интелектуалците наши,

сите тије,

дури и тије, шо умират да ги викат така,

и мојте добри другари,,

тије сигурно ги живејат најлоште деној во живото,

оти мора да прифатат стварнос,

шо не постој.

 

Резултато, од ова гледајне низ прсти

На болката,

На ужасо,

На неправдите

Шо се провлекват

Ко ветар

Низ ѕид

 

Резултато од овие

Изиграни, проневерени идеали,

Е дека правата сварнос,

Она шо боли

ко со камен глата че си ја удриш

Е оти та сварнос, нема поети вејче.

Кај се? Ги нема,

Ако прашвате за мене.,

Јас сум ко овошје,

Скиснато.

Шечердосано..

Вејче..

 

 

 

Сега ко Бранко чизлези,

Во услови  кајшо се слуша

Ушче ехото на последните

Крвави штрајкој от декември

Остарен,

Во друшво на некој пророци лажни

 

кој, за жал, беше во право – Сонвам за оружје

скриено во калта, во та елегична кал

кајшо децата сиграт

а  татковците стари се трудат-

дур од плочите на гробојте,

меланхолија се рони и пајџа,

да ги заштити листите на имијна шо се губат, попушчат,

а вратите на гробојте

експлодирват,

пукат от мака

оти не стигат гробојте

за сета мака

че нитреба друга земја

друга тупајнца,

шо држи место знаме

со крв полна рака

 

дур тије млади тела во мантили,

хипстерски шо ги носеја 

во Дамар или пак Ла Кања

во годините шо му поминаја,

и место капа фризури шо носеа

нат нивните партизански глај

и умој полни со мисли,

от Битпазар нудолу,

до Галерија седум,

низ падините на градо

шо ги вика.

 

 

Тије се спушчат од својте гробој, нудолу

Тије млади лујџе, и мажи и жени

Шо  в очи чуват нешчо друго освен љубов,:

тајно лудило, ко беснило от пес

шо ги чува лујџето шо се борат

шо го чуват градо…

 

ко да си ја викат,

судбината друга от она шо е вејче нивна,

и тогаш тајната не е вејче тајна,

и тогаш тије,

се спушлат нудолу,

Кајшо сонцето ги свети

 

 

Близу до смрта, ама за нив то е чес,

Оти мот да патуват толку далеку,

Тије не се вејче жители на градо,

Тије се жители на планините шо ги чекат

Место асфалто див

И плажите на Вардар,

Тије брегој шо се топат во студ

Ко да се на друга плаета,..кодасе во друг град

Тогаш шо прат тије тука?

 

Тије ко да дојдоа от друга планета,

никој не мој да ги застани

Тије не се ни кријат,

Нивните оружја,

Шо ги држат без тага или срејча

И никој не пули појче во нив,

Ослепени од срам,

Во тије непристојни трепкајна на чифтијната

Низ шарите на мршојадците

Шосе спушчат низ чудните повици

На денот од сонце на работна задача

шо ги свети

 

. . . . . . . . .  

 

Кој ја има храброста да му кажи

Оти идеалите тајно че му изгорат

во нивните очи..

И оти е готово,

то припајџа на друго време

Оти децата на нивните брајча,

Не се имат борено со годијни вејче,

И оти новата исторја

Произвеј нови,  друјџи идеали,

Тивко, никој да не ги слушни

ги поткупи ли сите?

Новата исторја?

 

Груба, неучтива ко сиромај Варвари

Шо че ги гибнат новите рабојти

Шо во последните осум годијни вејче,

Олку суровос набави,

Небаре фабрика е,

небаре че ни треба

За ушче сто зими да поминиме

Суровос шо набави рабојти,

Шо не мот

Да се движат вејче,

И во место стот,

 

И праината ја барат..

 

Кој се оније,

Праината шо ја барат?

 

 

 

Ама си викам на крајо

Ај да славиме малце,

Да отвориме шишијна,

От то најубото вино од задругата

За нови победи

Нови Бастиљи,

И комуни!!

 

Артан, Уранија, Искра, Никса…

За убав живот….Васко и Писарев….

За вашето здравје,…пријатели стари,

Колку револуцијата шо трај,

Сто годијни,

Не усвари само четри…..

За сила другари…и имајте најубај желби,

За уба партија да напрајме!

И на вас шо прерано не остајвте,

Оти живото не прашва…

Шо сакаме да прајме…

 

 

Отаде избите полни со вино,

Отаде езерата на планините

во Маврово или Пелистер вејче,

иди сонце, од гробојте празни,

од белите спомен плочи

во парко шо не чекат,

од то далечно време..

пазете,

од то далечно време…

во делој од секунда

шо не дели.

На парчиња….

Шо не мот

Да се соберат…..

Во гроб еден……

 

Вије другари…

От то далечно време!

 

 

Ама шо да прајме,

Тије се вејче тука

Мејџунас,

Насилни мислиш че те убијат пред

Да ги опулиш,

Апсурдни, ужасни

Со чудни гласој на зборојте

Шо ги кажват,

Гласој на дојденци

Од негде.

Емиигранти

Во земјата своја,

Гласој шо висат на

Канделабрите на плоштадо,

Шо ги слушаме во соно

До Максим Горки шо се слуша,..

 

Кој че ги води нив

Во борба нова

Лидеро нивни, е стар вејче,

Отсекогаш сакал да биди

 

И носи во градите

Немир ,

Од љубовта

Шо ушче ја имат за него….

И гла не мот да кренат,…

Ко за папата,исто.

че овенат од та љубов епска…

 

 

 

от лојалнос, шо ги прифајча

најглупите, нечоечки плодој на луцидноста

плитка,

 

Оти, секоја политика, е реална политика…

От завојувани души, со деликатен гнев во неја!

Оти ти не препознаваш вејче друга душа

От ова шо ја има сета проза

на паметнио чоек,

на револуционеро,

посветен на искренио,

обичнио чоек,

Дур и то шо учесвуваше,

Заедно со атентаторите на

Годијните донас шо горчат,

Пресадени во столбојте

На неокласициситчкиот сјај

Шо го прај комунизмо

да не мој да се случи,

 

Ти не го препознаваш

Срцето шо станва

Роб на својо непријател, и си ој

Таму кајшо си от

Непријателите,

По пато на исторјата,

Оти та историја брајча,

Перверзно, не го признава страо,

Оти да се бориш

Да страдаш за свето

Е исто ко да ги делиш

Сите правила за брба

Шо поминаја

Шо ги научивме

Низ векојте,

Низ песимизмо

Шо се дави во надежи шо

Треба да станват се појаки

Силни!!

 

Весела,

Со радос Шо не знај за скриена агенда

Ова армија ослепва во слепо сонце,

От мртви деца шо идат и си чекат,

Думрат,..

Ако нивнио татко, нивнио лидер, не апсорбира

Во мистеризона дебата

Сила врзана од нивната дијалектика,

Шо исторјата ја обновва

Секојден,

Ако тој ги напушча,

Во белите планини,

Спокојните мирни рамнини

Малце по малце во тије варварски гради

Од синојте, кајшто гнево станва љубов

Љубов кон гнево,

Шо гори во нив,

Во малкумина от нив,

Во избраните от нив

Тије госпо шо ги бира.

 

Ахх, очају мој, шо не знај за закони!!

Ах Анархијо, слободна љубов,

от светос, шо ги пулам твојте

храбри песни!

 

 

 

 

Си ја земам насебе, вината

Шо се обидвав да ве предам,

Во борбата , за предавството,

Да се прифајча убото, доброто,

Ко помало зло!

 

Симетрични атнимонији,

Шо ги држам,

Во тупајнцата ко стари навики,

Сите проблеми на чоеко,

Си сите негој грозни ставој

От двосмисленоста

Шо го врзват осаменоста на егото

Шо се осејча како умира,

И нејчи  да излези

Пред Госпо гол.

 

И сето ова, јас насебе си го земам

За да мом да го разберам,

От натре, плодо на ова двосмисленос,

На саканио чоек, на во овој искрен, нежен

Април, кајшо илјадници млади

От свето шо пајџа нудолу,

надвор чекат

И верват оти има знак,

Има сила на сето вервање

без милос

 

 

да го освестат нивнио скромен бес

кој шо посаква да си ој,

заедно со идеало за Жерновски

за неизвесноста како ја почна битката,

и како није сонего

полни со знаејне,

за џабе,

и со заеднишчво

и убајна една

со која се очекваше

епска ефектност,

оти мислевме

дека негојта душа

че мој да држи вода,

малце појче..

да клај еден наслов

појче,

излегвајчи на сцената на Брехт

во сенчите , зад кулисите шо се кријат,

кајшо се учат нови зборј за сварноста

кајшо се учи

како се зборва…

 

А до тогаш,.

неисвеснио херој

ги крши на својо грб,

ланците,

от зандани изваени

шо го врзват ко стар идол,за лујџето

давајчи му нова тага

на годините

негој.

 

 

 

Младио Мартин,

Детето од Драчево,

Шо го убија во 2011

Со чиста сила и верба

Во тије шо го убија

 

Ко да сакаја да ни речат нешчо

Шо му згазнаја на градите

Кајшо е силата..

 

Кај шо му стапнаја на младоста

Силна и верна, кајшо се наојџат

Очите и сета та сила от света

Светлина

Опулете го нејго,

И негојте зборј

Шо после со деној

По улиците се слушаја,.

 

Го слушаја гласо шо го

Гибаше срцето,

Шо се појавва место разумо

Шо не е разум,

До тажната сесра на разумо, шо сака

Да ја разбери сварноста, во сварноста

Шо ни се случва, со срас,

Шо одбива било каков екстремизам,

Било која храброс,

Шо да му кажиме нив?

Оти сварноса,

Она шо боли

Како со камен ко че си ја удриш глата

Има нова напнатос,

Која нема избор,

Ни останва

Само да прифајчаме

 

 

 

Оти револуцијата стана ко пустијна

Та е секогаш без победа,.

Оти никогаш не е касно,

За тиеј шо сакат да победат,

Ама не со насилсво,

Не со старите

Очајни оружја,

 

 

Оти то е, мора да се жртвува

Единството,

Во име на неединството на живото,

Да се проба да се напрај дијалог,

Со оној шо создава

Дур и ако е то против нашата совес.

 

. . 

 

Оти и сварноста,

Ова мала никаква шо ја живејме,

Скржаата држава е поголема от нас,

Та е секогаш најубото нешчо,

И секој от нас мора да е дел от неја,

Колку и да горчи то чувсво…

 

Само едно не знам,

Како очеквате от нив

Да мислат со умо

Да мислат со глата

Ко шо треба?

 

Оваа банда од анкциозни лујџе,

Шо ја напушчат правдата,

Шо си от ко бегалка

Ко во песната шо се пеј…

Кујчо моја, неесто,

Живото сам по себе,

Чувај го во име на разумо?

 

. . . . . . . . . 

Ама пак можи има и некое делче

От душата на генералот Тодор,

Шо сака да ни кажи оти

овије другари,

идат от друг свет,

от горе,.

Со војнички одела,

Со дупки во стапалата

На табаните

От нивните буржујски чели,

И нивната младос

Шо умира од жет

За невина крв,.

И му иди да вришчи„ Кај се оружјата?

 

Ајде, да ојме да ги зејме.

Ојте земете ги,

На асфалто исфрлани се,

Во земјата закопани,

Не пулите оти нишчо не е сменето?

Тије шо плачеа,

Ушче истплачат,

И посилно дури.

 

 

Тије шо имаја чисто и невино срце,

От и ушче зборат

Во предградијата

Сиромаи,..

Во кујчите на сиромајте..

 

Кој зат ѕидојте и кровојте,

Кријат срамни чуми,….

Ја кријат пасивноста

На оније шо се отсечени

Од денојте на иднината.

 

Оније от вас,

Шо имате срца

Посветени на

Проколнатата луцидност

От во фабрики и училишта

 

 

да ги потсетат лујџето,

оти нишчо во овије години

не мој да го смени

значејнето на знаејнето,

на вечните изговори,

на слатките и бесмислени форми на мојч,.

Ама никогаш на истина.

 

 

Сите тије от вас,

Шо му вервате

На искрената сила на релиџијата,

Ојте помејџу синојте шо растат,

Со срца празни от истинска срас,

Да ги потсетите и нив,

Оти новото лошо,

Новото зло,

Е ушче и секогаш че биди

Поделбата на свето.

Парчењето на свето.

,

 

 

И конечно, тије от вас,

Шо имавте тажна несрејча

Да се родите во фамили без надеж

Шо му даде

Дебели  рамејна ,

Кдрава коса, на криминало,

Темни образи,

И очи без милос…

Ојте вије….

Со сите фирми

Таму долу,

Шо пробаја да ја донесат

Европа на брегојте от Вардар,

Во галите по две од сите срани,

Мислиш че от да го освојат свето,

Во победи нови

 

 

 

И за сите нив,

Иди сато

Кајшто не е ист со она шо го имат

И она шо го мразат,

Оније шо искрадоја се од

Јавното убо, добро, чисто.

 

Најубајо капитал,

Шо ниеден закон не че мој

Да го казни

Тогаш ојте таму

И врзете ги со јажето

От масакрите на градо,

На земјата шо ги напраја.

 

На крајо на плоштадо..

Ушче пулам, пребоен, набоени

Црвени столбој, и дрвја

Набоени зраци од сонцето

Шо пролета ја врајча назат,

Со судбината заедно со неја

Да се врајчат назат, времијната

На гробишча нови!

 

 

Си от , пулите? Помош лујџе?

Останавме без лујџе…

си го врачат назат грбо пот херојските палта

на ништожници и десертери

Колку се сега спокојни,

Планините кајшо се врајчат,

Олку лесно чифтијната

Че ги гибнат колејната

На сенките од сонцето

Шо остават несменети

Форми на живото,

Шо станват, то шо беа прет то,

Во нивните најдлабоки места,

 

Помош, си от,,!

Во нивните тивки светој на тишината,

Си от

По Максим Горки

До Соборна.!!!

 

Помош!!

От нивните светој на тишината!!

 

Со скршени глај, нашата гла, смирена

Ко богасво на фамилијата,

Огромна гла , ко ушче еднаш да се рајџа,

Мојо брат го продолжва

Својо крвав сон

Сам,

Мејџу сувите лисја

Ви тивката сенка

Под дрвјата во франкофонскио парк,

Изгубен во златнио мир

На вечната недела…..

Попладне,

Во галеријата….

 

И сепак..

То треба да биди

Дено ко че побејме!!

Leave a Reply

Your email address will not be published.