Чај и лути пиперки за разладување

Ако се вбројувате во милионите луѓе кои на тропските горештини преферираат студен сок или пиво отколку шолја топол чај.

Научниците велат дека топлиот пијалак ќе ве разлади подобро од кој било леден пијалак.

Потењето спасува. Стручњаците за неврологија велат дека консумирањето пијалаци како што се топлиот чај или водата ќе ја зголемат внатрешната телесна температура, што, пак, предизвикува интензивирано потење. Нервите во нашата уста и во горниот дел на дигестивниот тракт реагираат на топлината на пијалакот стимулирајќи го мозокот на засилено производство на потење.

А поради тоа што потта испарува на површината на кожата, на тој начин делотворно се разладува човековото тело.

Потењето ќе започне или ќе се интезивира ако лицето е веќе топло. Иако на луѓето често им е топло кога пијат топли пијалаци, веднаш кога ќе почнат да се потат, ќе им биде подобро бидејќи ќе се разладат, велат стручњаците.

Потните жлезди се распоредени по површината на кожата. Тие се погусти во подрачјето на главата и рацете и во долниот дел на нозете. Потењето е исклучително важно за функционирање на нашето тело. Кога не би се потеле на горештините, нашата внатрешна температура би се зголемила, а потребни се само неколку степени повеќе и веќе доаѓа до оштетување на мозокот или до смрт, објаснуваат експертите.

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.