Буковски: “Живеам само да би пишувал повеќе песни”

Бес. Тага. Жени. Коцка. Алкохол. Изнајмени станови. Бубашваби. Празни шишиња. Болест. Машина за пишување. Буковски.
Буковски немал детство, туку само сеќавање на татковиот војнички каиш. Татко му, американски војник, особено груб и насилен, го тепал, скоро секојдневно. Како и секое момче, изложено на насилство во семејството, се повлекува во себе, обидувајќи се да се изолира од тоа лудило, се до времето на пубертетот кога ‘пука’ и го враќа ударот на татко му за да се заштити. Во семејството немал доволно љубов. Бил сам и отфрлен. Неговата веќе разнишана самодоверба во детинството, не се поправа ни во периодот на пубертетот. Физичката нагрденост – лузни по лицето и телото предизвикуваат голем број акни, поради кои бил излпжен и на хируршки зафати, го определуваат Буовски како некој кој не е омилен во друштвото. Поради физичкиот изглед, во младоста, Буковски не бил омилен и кај жените. Го сметале за грд. И подоцна, Буковски се врзувал за постари жени, кои биле склони на пороци како и самиот тој, за жени со чудно минато и потресни животни приказни. Ги опишува како личности уништени од депресија, гнев, врискање и бесмислено самосожалување. Со нив ја наоѓал линијата на заедништвото, утехата за сопствената душевна трагедија, празниот кревет и празните шишиња.

“Глеадм толку мажи со мирни и листи деовјки во фустани од чипка,
Девојки чии лица не се груби ниту сурови.
Не носете ми никогап курва, им зборувам на пријателите,
ќе се заљубам во неа.
Ти не би поднел добра жена Буковски.
Потребна ми е добра жена, потребна ми е
повеќе од оаа машина за пишување, повеќе од мојот автомобил,
повеќе од Моцарт, толку ми е потребна
добра жена што веќе ја чувствувам во воздухот, ја чувствувам
под прстите, гледам патеки создадени за нејзините стопала,
гледам перници за нејзината глава,
ја чувствувам својота воздржана насмевка,
ја гледам како ја гали мачката,
ја гледам како спие,
ги гледам нејзините влечки на подот.
Знам дека таа постои,
но каде е на оваа земја
кога постојано ме наоѓаат курви?”

Пишувал за нив. Ги сакал и кога му ја кршеле главата со празни стаклени шишиња, додека крвта му течела низ лицето и додека му ги шиеле раните. И покрај тоа што некои од жените со кои бил биле особено груби со главата втурната во своето лудило, тој и понатаму зборувал дека жената е топла како путер. Неговата надворешност и поганиот јазик ја прават само едната страна на паричката. Зборувал дека осаменоста не е најлоша работа на светот. Најлошата работа на светот според зборовите на Буковски е – “прекасно”.

“И наскоро ќе биде прекасно за мене
и ќе го проживеам животот
со драгсторите, мачките, чаршавите,
плунката, весниците, жените, вратите и
друг асортиман,
но никаде жив човек.”

Многумина не го знаат како поет, иако пишувал поезија секој ден. Песни за Џејн. Всушност, песни за Џејн Куни Бејкер, која умрела на 22.01.1962 година во болница. Во песните кои ги пишувал за неа, неговата болка била опиплива. Неговата болка “боли”.

“И замина, како што и дојде
Брзо ме остави,
Толку пати порано ме остави
Кога мислев дека тоа ќе ме уништи
Но не
И секогаш се враќаше.
Сега го исклучив црвеното радио
И некој во соседниот стан тресна со вратата.
Осудата е конечна. Нема да те пронајдам на улица
Ниту телефонот ќе зазвони и ниту еден момент
Нема да ме остави на мира.
Не е доволно што има многу смрт
И што оваа не е прва,
Не е доволно што можам да живеам упте многу денови,
Дури може и години.
Тоа не е доволно.
Телефонот е како мртво животно кое не зборува
И кога повторно ќе проговори
Секогаш ќе биде погрешен глас.
Чекав и порано и секогаш повторно доаѓаше.
Сега ти мораш да ме чекаш мене.”

Да, тоа е тој осамен човек кој се труди да остане млад слушајќи Сибељуша на малото црвено радио. Додека лови ружи во авенијата на мртвите, тој сфаќа дека повеќе ја нема синокосата нимфа во зелен фустан, да го сака и успива додека чека и дека му нема спас. Неговиот телефонски број 462-0614 е мртов и не звони.

“Не пишувам од некое сознание.
Кога телефонот звони
и јас би сакал да ги слушнам зборовите
од кои би ми било
полесно.
Затоа мојот број
е во именикот.”

Виното и класичната музика го држеле во живот. Сметал дека само растенијата и животните се прави пријатели, дека е најдобро да се биде сам, дека предолгиот живот бара повеќе од време. Најмногу го сакал меѓупросторот во кој можел да спие.

“Спиењето е најдобро. Мала ноќна игра помеѓу тебе и животот.”

Буковки напишал и сценарио за филмот “Burfly” од 1987 година во кој главни улоги се Mики Рурк и Феј Данавеј. За тоа напишал:

“Џејн, која е мртва веќе 31 година,
никогаш не би можела да
замисли дека ќе напишам сценарио за напите пијани
денови заедно
и дека од тоа ќе се роди филм
и дека
волшебна филмска звезда ќе ја глуми
неа.
Како да ја слушан Џејн: “волшебна филмса звезда? Зар уште тоа!”
Џејн, тоа е само шоу – биз, затоа продолжи да спиеш,
љубов,
бидејќи колку и да се трудиме, едноставно
не можеа да најдат некој
како што си
ти.
а не можам ни
јас.”

Ете. Човек е жив кога ќе го најди она што го бара и мртов кога ќе сфати дека тоа нешто повторно го изгубил. Во тој меѓупростор човекот пишува песни.

 

 

Извор: akuzativ.com

Превод: Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.