Буковски без повод

За баровите.

 

Веќе не одам толку по барови. Го извадив тоа од организмот. Сега кога влегувам во бар ми се повраќа. Имам видено толку многу, ебано премногу – тие работи се за кога си помлад, знаеш, кога сакаш да ги глумиш тие мачо срања, да собираш жени – на моја возраст, тоа не ти треба. Денес одам во барови само за да мочам. Премногу години поминати во бар. Работата до толку се влоши што штом влезам во бар, поминувам низ вратата и почнувам да повраќам.

 

За алкохолот.

 

Алкохолот веројатно е една од најдобрите работи кои постојат на земјава – покрај мене. Да, тоа се двете најдобри работи на земјата. Па…се согласуваме. На крајот ги уништува повеќето луѓе. Јас сум поразличен. Сета моја креативна работа ја создавам додека сум пијан. Дури и со жени, знаете, секогаш сум бил повлечен кога станува збор за водење љубов, па алкохолот ми овозможи, сексуално да бидам послободен. Ослободување е, во принцип затоа што сум срамежлив, повлечен човек, а алкохолот ми дозволува да бидам херој кој маршира низ просторот и времето. Значи го сакам, да.

 

За пушењето.

 

Сакам да пушам. Пушењето и алкохолот се противтежа. Порано се будев од пиење, знаете, и пушиш толку многу, двете раце ти се жолти како да имаш ракавици, скоро кафеави…и велиш, „Срање, како ми изгледаат белите дробови? Боже мили!“

 

За мачките.

 

Убаво е да имаш купче мачки околу тебе. Ако се чувствуваш лошо, само ги гледаш мачките и ти станува подобро бидејќи тие знаат дека сè е онака како што е. Нема потреба од возбудување. Едноставно знаат. Спасители се. Колку повеќе мачки имаш, толку подолго живееш. Ако имаш сто мачки, ќе живееш десет пати подолго отколку ако имаш десет. Еден ден ова ќе биде докажано и луѓето ќе чуваат по илјада мачки и ќе живеат вечно. Навистина е смешно.

 

За жените и сексот.

 

Ги викам машини за жалење. Никогаш не им е погодено со маж. А боже, кога ќе ја додадеш хистеријата…заборави. Морам да излезам, да влезам во колата и да си одам. Каде било. Да се напијам кафе некаде. Каде било. Сè освен друга жена. Претпоставувам дека се различно изградени, така? Мислат дека мразам жени, но не е така. Само ќе слушнат „Буковски е шовинистичка свиња“, ама не го проверуваат изворот. Секако дека понекогаш ги претставувам жените во лошо светло, но истото го правам и со мажи. И себеси се претставувам во лошо светло. Ако мислам дека е лошо, кажувам дека е лошо – маж, жена, дете, куче. Жените толку леснo се навредуваат и мислат дека ги издвојувам. Нивен проблем.

 

За славата.

 

Уништувач. Таа е курвата, кучката, уништувачот на сите времиња. Мене ми е супер бидејќи сум познат во Европа а тука не. Јас сум еден од најсреќните мажи. Среќно куче. Славата е навистина ужасна. Таа е мерка на скалата на заеднички именител, умови кои функционирlаат на ниско ниво. Безвредна е. Одбрана публика е многу подобра.

 

извор: Pixel.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.