Бубо Каров пред МРТВ: “Ние сме работеле тука и ние оваа куќа ја чувствуваме како своја…”

Бубо Каров, член на поранешното популарно хумористично телевизиско шоу „К-15“вечерва го поддржа генералот Стојанче Ангелов на мирниот протест пред македонската радиотелевизија и порача дека чувствува долг да направи сѐ што може да ја врати телевизијата во функција на објективно известување на граѓаните, пренесува НОВАТВ.

-Сакам да направам мала споредба зошто сме тука и како изгледаме пред оваа зграда на чело со Стојанче.Тоа е исто како да одиме дома да протестираме пред сопствената порта за некој да нѐ пушти внатре да се избањаме и да се одмориме во сопствениот дом и да си разговараме за сѐ она што нѐ тишти, што ни е проблем и што сакаме под најнормални услови да го смениме…Ние сме работеле тука и ние оваа куќа ја чувствуваме како своја и чувствуваме долг барем со поддршка да направиме нешто работите да тргнат на подобро, рече Каров во својот говор.

Вечерашниот протест е само еден од низата на двонеделни собири пред МРТВ во кои Ангелов и неговите поддржувачи бараат МРТВ да почне да известува објективно и во интерес на граѓаните.

Извор НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.