Британската војска ја убила принцезата Дајана?

Според официјалната изјава на Скотланд Јард, тие немаат намера да отвораат нова истрага за смртта на принцезата. Главната цел ќе им биде да ја проверат веродостојноста на напишаните тврдења во писмото.
Британските инспектори добиле писмо на седум страници во кое бившиот снајперист Дени Најтингеил тврди дека британската војска го испланирала убиството на принцезата. Британските медиуми пишуваат дека новите докази се појавиле на судењето на Најтингеил поради нелегално поседување на оружје. Бившиот припадник на специјалните сили напишал дека некој од војската ја убил принцезата е целиот случај се прикрил. Спорното писмо на полицијата го предале родителите на бившата сопруга на Најтингеил.
Иако истрагата покажала дека за смртта на принцезата е виновна неприлагодената брзина на автомобилот во кој таа се наоѓала, пијаниот шофер, неносењето сигурносен појас и папараците од кои парот се обидувал да побегне, таткото на Доди (партнерот на принцезата кој исто така погина) повторувал дека фаталната несреќа била само параван и дека за нивната смрт се виновни државните служби.
Принцот Вилијам (31) кој минатиот месец доби син Џорџ Александар, и неговиот помал брат Хери (28) одбиле да ги коментираат новите настани во слуачјот за смртта на нивната мајка. Не се огласил ниту принцот Чарлс.
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.