Брисел се уште го чека извештајот за потрошените милиони за владините реклами

До крајот на јуни македонската влада требаше на Европската Комисија да и испрати извештај за владините реклами емитувани во повеќе медиуми, како што пред две недели во Брисел најави вицепремиерот за европски интеграции, Фатмир Бесими.

Извештајот кој е побаран од страна на ЕК, треба да содржи список со сите реклами кои биле нарачани од владините институции и медиумите во кои биле дистрибуирани. Европската Комисија побара ваков извештај по критиките и сомневањата во јавноста дека рекламите се користени за поткупување на медиумите и нивно ставање во функција на поддржувачи на владините политики.

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека повеќе ресорни институции се уште работат на финалниот извештај за владините реклами.

„Согласно со мерките утврдени во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво, во делот на слобода на изразување и медиуми, предвидено е до ЕК на редовна основа да се доставуваат информации за висината на средствата кои државните институции ги алоцирале за рекламирање во електронски и печатени медиуми, како и за темите кои биле опфатени со рекламните материјали. Овие информации се подготвуваат преку соработка во која се вклучени сите ресорни институции“, велат од СЕП.

Извор Јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published.