(Видео) Бразил прв финалист на Купот на конфедерации

Домаќинот на ова натпреварување до победата стигна со голот на Паулињо постигнат на седум минути пред крајот. Претходно Кариоките поведоа во 41.минута преку Фред, а Уругвај до изедначување стигна на почетокот на второто полувреме кога Едисон Кавани биеше прецизно од десетина метри и го совлада Цезар.
Уругвајците во 14.минута имаа голема шанса за отворање на резултатот, но ударот на Диего Форлан од пенал го одбрани домашниот голман.
Вечерва од 21 часот се игра вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат светскиот и европски првак Шпанија и селекцијата на Италија.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.