Братот на албанскиот премиер е уапсен на стадионот на “Партизан”

Орфи Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, уапсен е вечерва во ВИП ложата на стадионот на Партизан под основно сомневање дека го раководел и организирал инцидентот со знамето на Голема Албанија после кој инцидент и беше прекинат фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Србија и Албанија, пренесува српски Блиц.

Кај Рама е пронајден и далечински управувач со кој лично управувал со беспилотното летало кое го носеше знамето на Голема Албанија.

Леталото е пуштено од една црква во непосредна близина на стадионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.