“Брачниот пар” Груевски-Мијалков прислушкувале 26.000 граѓани

Тој рече дека станува збор за масовно прислушување од страна на луѓе врабтени во МВР под директна наредба на Мијалков и Груевски.

„Поднесовме кривични пријави против Мијалков и неколкумина што учествувале во прислушувањето. Во прилог на пријавата има повеќе од 300 мои телефонски разговори.

Тоа траело најмалу 4 години, а ПИМ мерки може најмногу 14 месеци со дозвола од Јавен обвинител и судија.

Слично се постапувало со другите опозициони лидери.

Досието на прислушувани разговори има 204 страници со опозиционери, подготвени и давани на Груевски24/7. За време на избори ги користеле државните служби. Добивале резимеа за својот политички противник. Со кршење на уставот и законите. Вакбо нешто може да спроведат само државни служби.

Ова што ќе го видите ги надминува и најцрните случувања. Во еден свет се Груевски и Мијалков, а во другиот сме сите ние чија приватност и уставни права се погазени.

Нема само разговори меѓу Груевски и Мијалков, сите освен овие двајца. Затоа никогаш не псотои разговор меѓу нив двајца. Ова укажува дека од УБК направиле монструм што слуша и контролира над 20000 граѓани.

Влегле во нашиот наијинтимен дел од животот. Внимателно да следите што правиме, да следи у меѓународната заедница. Ќе одиме чекор по чекор, “ рече Заев.

Во моментов се слушаат дел од снимените материјали.

Извор ФОКУС

Leave a Reply

Your email address will not be published.