Борба за македонското национално разнебитување!

пишува Пепи Ангелов

Утре е 2-ри август, ден кога е дигнато востанието во Крушево, Илинденското…Не би можел да замислам зошто, поради оваа, ваква Македонија, ги дадоа своите животи? И? Што ќе славиме… Борба за македонското национално разнебитување?

Ги поделивте луѓето на ВАШИ и НАШИ. Вие така ја подразбирате демократијата, така ве научија ВАШИТЕ ВОДАЧИ… Затоа сега друго и незнаете…

Секој ден на сите ваши телевизии емисии за ,, БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА СВОЈА САМОСТОЈНА ДРЖАВА,,… Која држава? Ова го нарекувате држава? Македонија беше држава до девеесет и втората, потоа со манипулациите на тогашните профитери успеавте да му го поматите умот на народот за некаква си слобода… Каква слобода ке ве прашам? Што знаете вие што значи слобода? Да преживуваш преку деновите и месеците, тоа е за вас слобода? Секој кој ке каже нешто за вас е ПРЕДАВНИК на татковината, тоа е слобода?

Се што беше изградено од пепел за 45 години, вие испокрадовте, распродадовте за лични интереси. Тоа е за вас слобода? Луѓе умираат неможејќи да отидат на лекар, тоа е за вас слобода, демократија?

Да не ви набројувам… Сето тоа го имавме ако сте заборавиле до пред дваесетина години… Тоа беше слобода, ова е лицемерие, хаос, манипулација, притисоци, ограбување на мнозинството а богатење на поединци од вас… НЕ! Благодарам! Ваква слобода нас веќе не ни треба… Среќен ви пат во историјата, но во онаа која брзо ќе се заборави, како да не ни било ….

Leave a Reply

Your email address will not be published.