Болни и сиромашни жени бараат помош од државата како би врзеле крај со крај

Ова се секојдневните грижи на Богдана Илиќ и Мила Авдиќ кои на празникот на жената јавно проговорија за сиромаштијата и здравствените проблеми, упатувајќи апел за помош до институциите и хуманите луѓе. Богдана живее сама во Гостивар од 1999 година, кога од Косово побегнала од воените судири. Вели, сиромаштијата и болестите се нејзината судбина.

– Барам помош од државата, ако се може, ако не се може, ќе останам вака и понатаму. Сама сум и многу ми е тешко, со социјална помош човек не може да изеле на крај. Само леб да купам, а каде се лековите, струјата? Немем од кого да барам помош и принудена сум на ваков начин да апелирам да ми се помогне, вели Илиќ. 

Мила Авдиќ од Тетово се соочува со слична судбина. Таа живее од социјална помош во една соба каде покривот и прокиснува, а ѕидовите се мувлосани. Пари за поправки нема. Празникот 8 март кој сосема го заборавила ќе го помине без ниту еден денар.

И двете жени стравуваат дека поради насобраните неплатени сметки, ќе останат и без струја. Имам долгови што мора да се платат, а немам од каде. Некои денови немам ни леб да купам, а не пак посебна храна која што ми е потребна заради здравствените проблеми, вели Богдана.

-Моите органи бараат посебна храна. Болна сум имама проблем со желудникот, потврдено е дека имам некоја бактерија, треба посебна храна за мојата болест, вели Илиќ.

Богдана и Мила немаат семејствa. Се надеваат дека хуманите луѓе и институциите ќе им помогнат да живеат подостоинствено.  

Извор и Фото Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.