Револтирани родители ќе ги бојкотираат избирачките места во о.у “Тоде Хаџи Тефов” Кавадарци

Основното училиште “Тоде Хаџи Тефов” ќе биде блокирано за време неделните избори од вториот круг

Родители на прво одделенци од основното училиште “Тоде Хаџи Тефов” од Кавадарци најавуваат бојкот на изборите во недела, нема да дозволат да се гласа во избирачките места кои се сместени во улилиштето.

Родителите најавуваат дека од понеделник ќе ја бојкотираат и наставата, бараат отстранување на ученик од клас кој два месеци врши психичка и физичка тортура врз нивните деца. Ученикот е штитеник на мал групен дом, институција која во Кавадарци згрижува напуштени деца без родители од Македонија.

Ученикот има 9 години и е три години постар од неговите соученици кои се на возраст од 5.5 до 6 години, и е далеку од социјализиран и е премногу агресивен. Голготата на родителите трае веќе два месеца, период кој воедно го договориле претходно за да се најде решение и да се реши проблемот со ученикот, надевајќи се дека со истиот ке работат и стручните кадри од училиштето.

Револтирани родители ќе ги бојкотираат избирачките места во о.у Тоде Хаџи Тефов КавадарциПосле секојдневните поплаки, родителите побарале состанок со стручните служби во училиштето, но велат и од таму резултатот бил очаен. Имале средба со одговорната наставничка на класот каде присуствувале и психологот и педагогот во училиштето. Одговорната наставничка изјавила дека не знаела што да прави, дека тоа дете не било нејзино и дека во домот било мирно но во училиштето ете правело проблем. Од родителите првин било побарано трпение за потоа да бидат обвинети дека прават поделби. Надлежните во своите обраќања биле толку дрски што изјавиле дека таквото однесување било нормално за денешните деца и дека сите деца биле немирни. Родителите и нивното барање не ни било до крај ислушано, надлежните ја напуштиле средбата со одговор дека за случајот ќе решавал наставничкиот совет.

Училиштето и стручните служби имале доволно време да го средат проблемот, за едно дете “страдаат” останатите 22 деца во класот. Секојдневно имало поплаки за искинати учебници. Како и за ќотек.

Децата биле крвнички тепани и по цела недела носеле модрици дома, со плачење оделе на училиште, реагираат родителите. Директорот на основното училиште “Тоде Хаџи Тефов” од Кавадарци, Никола Нешковски, не бил присутен на состанокот. Подоцна родителите го контактирале накнадно и побарале прием.

Истиот муабет се водел и таму, директорот велел дека детето е без родители, без грижа и му требаат другари. Родителите побарале ученикот од мал групен дом да биде префрлен во соодветна установа во која со истиот ќе работи стручен тим или да биде префрлен во друго одделение. За директорот Нешковски ваквиот предлог бил неприфатлив бидејки не можел да префрла уценици затоа што многу огромна била документацијата и се чекало на категоризација од центарот за социјални работи.

Револтирани родители ќе ги бојкотираат избирачките места во о.у Тоде Хаџи Тефов КавадарциОд центарот за социјални работи родителите добиле одговор дека категоризацијата е во тек, но се чекало да се утврди дали ученикот ќе продолжи со настава во некоја од паралелките за деца со посебни потреби.

До тогаш, децата и понатаму ќе бидат изложени на физички и психички малтретирања, реагираат и бараат одговор родителите. Поднеле и петиција за која педагогот вон училиштето рекол дека не важи ништо бидејки за случајот одлучуваат компетентни луѓе.

Ситуацијата добро ја знае и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, кој ветил раговор со директорот и воедно изнаоѓање на соодветно решение.

На децата секој ден им започнува со страв наместо да се радуваат на училиште истите имаат одбивност кон оваа образовна институција. Родителите прашуваат што доколку ситуацијата ескалира и се додје до посериозни повреди на некој од учениците. Зошто надлежните не превземат соодветни мерки за да не дојде до влошување на ситуацијата.

aleksandar-panovРодителите даваат ултиматум на надлежните дека доколку до петок не се реши проблемот, ќе следува бојкот на изборите во недела а од понеделник и бојкот на наставата. Родителите се подготвени сите уценици да ги запишат во друго училиште доколку и понатаму директорот, градоначалникот и сите надлежни немаат слух за нивното барање.

За овој проблем изпратен е и допис до министерството за образование. Се очекува и министерката Рената Десковска лично да го разгледа и да интервенира за овој случај.