(ВИДЕО) Бојадисана општинската зграда на Кавадарци како никогаш до сега!

Заканите и притисоците кои деновиве пристигнаа од МВР на адреса на лица кои активно се вклучени во протестите на Шарената Револуција во Кавадарци, не вродија со плод.

Иако беа поднесени прекршочни пријави кон неколку лица, сепак тоа не успеа да ја загуши идејата, да ги задуши протестите и револуцијата која се карактеризира низ кавадаречките улици.

Од сите упатени закани, заплашувања и кривични пријави единствено што вроди е засилување на темпото и помасовно обединување на граѓаните и нивно уште поактивно учество во протестите.

Кривичните пријави кои ги добија тројцата кавадарчани дополнително го зголемија гневот на граѓаните. Вчера, во знак на револт, од страна на Шарената Револуција беше бојадисана општинската зграда на Кавадарци како никогаш до сега.

Летаа балони со најразлична боја, јајца, кантички со јогурт. Ги имаше во изобилство. Погледнете повеќе од видеото.

One thought on “(ВИДЕО) Бојадисана општинската зграда на Кавадарци како никогаш до сега!

Leave a Reply

Your email address will not be published.