Богдановски има досие од најмалку 1.000 страници во кои дава извештаи за УДБА

Имате ли сознанија дека УДБА ги финансирала македонските емигрантски друштва, како што е ДОМ на Драган Богдановски и „Македонска нација“, како што според Божин Павловски, тврдел Крсте Црвенковски? (објавено во колумната на Божин Павловски – „Рашомон“, или Драган Богдановски, е кодошот!)

– Директна информација не можам да посочам, но јасно е дека УДБА и ДБК имале перманентно свои луѓе во тие организации. Најдобар начин да дојдеме до вистината е да се отворат досиејата на луѓето кои се декларираат дека биле во тие организации на дијаспората. Тука имаме дури и нерасчистени убиства. Многу е интересно што ВМРО-ДПМНЕ во делот на лустрацијата, досиејата на патриотите од дијаспората воопшто не ги отвора, да не зборуваме дека многу личности од дијаспората се декларираат дека се основачи на ВМРО-ДПМНЕ. Значи мојата поента е дека лустрацијата не може да биде насочена само против бившите комунистички функционери, туку треба да биде насочена и кон таканаречените патриотски структури.

Повеќе во интервјуто, тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published.