Богатството на битолскиот градоначалник Талески?

Според опозицијата, тој има три стана, автомобил, вреден накит и солидна заштеда, или набројано, стан од 70 квадрати, стан од 52 квадрати, возило „рено лагуна. Сега велат, има нов стан од 46 квадрати, накит од 360 илјади денари, денарска платежна картичка на градоначалникот од 3 милиони денари, на сопругата заштеда од 700 илјади денари.

И затоа СДСМ праша како Талески за периодот од 2009. до 2013. година, според анкетните листови, успеал да го зголеми и неговиот и имотот на сопругата за 6 милиони денари? Како успеал да има денарска заштеда од 3 милиони денари? Како неговата сопруга успеала да купи стан од 2 милиона денари за само четири години, да заштеди 760 илјади денари и да набави накит од 360 илјади денари? Или дека биле многу штедливи па

тој и сопругата заштедувале по 125 илјади денари месечно.

„Јас живеам во стан од 70 квадрати, кој го купив од „Здраво генијалци“, имам стан на „Борис Бастеро“ од моите починати родители, се’ би дал да не се починати, ама ти си безобразен со цела твоја свита. Имам уплатено кредит за ќерка ми за две гарсониери кои се на таа адреса. Грев е тоа? Не треба да земам креди? Таа плата не е од еден мандат. Она што тој го гледа е од сите години мое работење“, беше одговорот на Талески до СДСМ.

Следуваа и навреди и дискредитации за низок степен на култура, недоличност и вулгарност, таленти на нацистичка Германија и инквизицијата која работела во минатите векови.

Еве го анкетниот лист на градоначалникот на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.