Бишката и барокот

пишува Бранко Тричковски

Сликите од внатрешноста на штабквартирата на ВМРО-ДПМНЕ јас ги разбирам како слики од версајскиот амбиент на една ненадејно збогатена свиња!

При што версајскиот амбиент е апликација на примитивизираното и посељачено сеќавање на францускиот барок во главата на некоја будала, додека свињата е оригинална.

Тој неверојатен контраст не го дефинираат само бишката и барокот, туку и окружувањето, значи, не само отсуството на посериозен интерес за тоа од каде и се на свињата толку пари и таков, не свински, туку свињолики вкус и откај и е на свињата идејата за версајската кочина, туку и тоа што спротивно на своите версајски и лујски амбиции, свињата в недела ќе оди да ја провери волјата на народот што го опљачкала на избори, што е, пак, еден сосема антиверсајски синдром.

Или вака: доаѓа надвојводата во вашиот стан и пред ваши очи ги онадуе вашата жена, вашите ќерки и вашето синче. Да, и вие не куртулувате. Како вистински Македонец, вие си викате, па добро, не онади, па што ако не онади, има на светот и пострашни работи, се сеќавате дека едната ќерка ви ја има вработено во “Дрекселмаер”, дека вашата пензија е повисока за 7,6 отсто, но навдојводата прави уште две работи: прво, си го брише курот од вашите завеси, и, второ, го пушта филмот од сексуалната сеанса во вашиот дом да се врти по цел ден и по цела ноќ на сите телевизии во сите домови!

Сликите од внатрешноста на штабквартирата на ВМРО ДПМНЕ се тој филм.
Македонецот седи со ебаната сопруга на троседот во дневната соба, грицкаат пуканки и на теве Шител ги гледаат подвизите на лидерот!
Тоа е сликата за Македонија денеска.

Има и една друга слика: дојавува надвојводата до Македонецот и неговата жена и му вика на Македонецот дека сака да и и го свирне на жена му, при што тој да му ги држи јајцата да не му се извалкаат во македонската прашина. Завршува со работата и замиминува, а Македонецот се смее, не може воздух да земе од смеење. Што се смееш, бре, будало, му се с’снува сопругата, а тој и вели: му ги пуштив јајцата да му се извалкаат во прашината, нашиот надвојвода, жено, е тешка будала!

Тоа е тој контраст во кој на Злосторничкото здружување помалку му се важни украдените пари и безвезниот кичерај отколку можноста преку пљачката и бесмислата да го покаже степенот на моралната, национална, интелектуална дезинтеграција на Македонецот за која тоа здружување толку многу се бореше со сите средства.

Гледајки во тој мермер, во тие ѕидови и плафони осликани како гаќи од јака мочка, тие искривени столици со кадифе и срма, во салите за иницијација во злото и во базените со течен азот за физичка рехабилитација по тешките сексуални оргии со мозокот на милиот македонски народ, човек не може, а да не се праша: има ли лек, има ли спас од вирусот на вмровскиот грип кој е најмалку опасен кога е смртоносен.

Изборите в недела се најневеројатниот чин во политичката историја на Европа: најтешката форма на психопатологијата импрегнирана во заробената свест и совест, да се натпреварува со слободната волја на граѓаните. Самиот формат е одвратно циничен кон граѓаните, светот е циничен кон нас односно ние сме цинични кон самите себе.

Жал ми е што морам да кажам дека најточната дефиниција на изборите ја кажуваше македонскиот Кол Јангер од бандата со Џеси Мијалков: референдум!

Е, сега, клучното прашање е референдум за што!?
Јас мислам дека изјаснувањето на 11 декември ќе биде изјаснување во неколку нивоа: прво, дали Македонецот е стока или е субјект, ако е стока колкава му е цената, ако е субјект колкава му е омажата, колкава е густината во неговиот интегритет, колкаво е отсуството на алкохол во неговата крв.

Дали изборите ќе бидат последната лопата врз жива закопаната Македонија или Македонија, како Ума Турман во “Кил Бил”, со дланките, со ноктите, со колената, со сето свое битие ќе се откопа од гробот и ќе излезе да ги среди своите убијци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.