(ВИДЕО) “Бисер” на Стојанче Лазов: “Мене и во Југославија ми има останато грозје непродадено”!

Стојанче Лазов, градоначалникот на општина Росоман набрзина од ракав истресе две-три зелени

На редовна седница во општина Росоман се дискутираше за катастрофалната состојба со откупот на грозје која не ги одмина и росоманските лозари. Советниците на општина Росоман кои доаѓаат од редовите владејачката ДПМНЕ со заклучок дека главната вина е кај самите земјоделци и нивниот начин кој што ги обработуваат лозовите насади а притоа имаат проблем со пласманот.

Градоначалникот пак на општина Росоман, Стојанче Лазов, видно возбуден од катастрофалната состојба со откупот на грозје, на лозарите од тиквешијата им испрати абер дека имало денови во минатото, поточно во минатиот век, да и неговото грозје остане непродадено во времето на Југославија.

Откупот на грозје има проблеми, како и секоја година. И од времето кога знам за себе, а потекнувам од лозарска фамилија, го паметам и од Југославија времето кога ми останало грозјето. Среќа што владата преку министерството за земјоделие оваа година издејствува извоз према Бугарија така што веќе во Росоман нема веќе осет дека црното грозје не оде. Мислам дека заради бутритисот и дождот кој шо падна а не може никој да го контролира во периодот кога наврнаа и до 100 литри во секунда, ние како земјоделци под отворено небо настрадаме. Тоа е тоа шо оваа година се случува. Стојанче Лазов, градоначалник на Росоман.

Простено му е на Лазов кога вели “100 литри во секунда” бидејќи тоа е нормална појава кога човек премногу зборува а притоа не кажува баш ништо. Според Лазов откупот на грозје е проблематичен секоја година. Потребна е нова и силна стратегија со која ќе бидат опфатени повеќе мерки.

Фирмата Аневски ќе откупи дополнителни 2.5 милиони кила грозје ама тоа е повеќе во атарот на Кавадарци каде шо е повеќе изразен проблемот со откупот на црното грозје. Во Росоман и околината малку повеќе се извадиме да речам од оваа криза која што е страшна за земјоделците.Стојанче Лазов

Стојанче Лазов, градоначалник на општина Росоман, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и во моменти кога неговата партија десет години тотално го уништи и понижи тиквешкиот лозар, тој се повикува на фалење на владата како издејствувала мерки во корист на лозарите??? Срам да ти е, Стојанче!!!

Видео: КТВ телевизија

Leave a Reply

Your email address will not be published.