„Бирдмен“ со Оскарот за најдобар филм

Овој филм му донесе Оскар и на неговиот режисер Алехандро Инариту. Џулијан Мур освои Оскар за најдобра актерка во филмот „Стил Алис“ во која игра улога на универзитетски професор со Алцхајмерова болест.

За најдобра улога Оскарот го освои британскиот актер Еди Редмајни за неговото остварување во филмот „Теоријата на се“ за животот на астрофизичарот Стивен Хокинг. Полскиот филм Ида го доби Оскарот за најдобар филм на странски јазик. Станува збор за црно бел филм на режисерот Павел Павликовски. Во него е раскажана приказна за една калуѓерка која дознава дека всушност била еврејско сираче.

Leave a Reply

Your email address will not be published.