Биолошкиот часовник постои !

Часовникот покажува дека повеќето ткива стареат со иста брзина како и телото во целина, но дека постојат делови кои стареат многу побрзо или побавно во споредба со целиот организам.

Така на пример, болните органи може да бидат десет години “постари” од здравите во едно исто тело.

Тимот на истражувачи од Калифорнискиот Универзитет во Лос Анџелес (UCLA) сметаат дека дешифрирањето на механизмите на овој часовник би им овозможило на научниците подобро да го разберат процесот на стареење и со самото тоа да дојдат до некои нови лекови и терапии кои би можеле да го забават стареењето.

“Би било многу интересно да се развијат нови терапии кои би го “ресетирале” часовникот и би не одржале помлади подолго време”, кажа водичот на тимот и професор по генетика и биостатистика, Стив Хорват.

Американските истражувачи наведуваат дека испитале ДНК на околу 8,000 примероци од 51 здрави и канцерогени клетки и ткива.

Посебно било анализирано како метилацијата, природен процес кој хемиски ја модификува ДНК, варира во текот на годините.

Хорват и неговите колеги констатирале дека метилацијата на 352 маркери на ДНК постојано варира во текот на стареењето и дека може да послужи како биолошки часовник.

Часовникот најбрзо отчукува до 20 година, а потоа забавува. Засега е непознато дали промените во ДНК се тие кои го предизвикуваат стареењето или се последица на стареење.

Имено, болните ткива стареат со различно темпо. Ракот, на пример, го забрзува часовникот во просек за 36 години.

Исто така, Хорватовата студија покажа дека биолошкиот часовник може да се врати на нула кога клетките на возрасните личности се репрограмираат со помош на матични клетки.

Процесот на конверзија на клетките на возрасните личности во клетки слични на матичните, кој го открија Џон Гордон од Универзитетот во Кембриџ и Шини Јаманак од Универзитетот во Кјото, беше награден минатата година со Нобелова награда.

“Тој концепт е доказ дека може да се врати наназад биолошкиот часовник”, истакнува Хорват чиј што следен чекор е проучување на начинот на кој неуродегенеративните и инфективните болести влијаат на биолошкиот часовник и обратно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.